Navigation
 

Магистер Миовска Валентина - Асистент

Родена на 28 септември 1970 г. во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. На Природно - математичкиот факултет во Скопје на студиите по математика-наставна насока се запишала во 1989/90. Дипломирала во 1993 г. и се стекнала со звањето дипломиран професор по математика. На постдипломските студии на Институтот за математика на ПМФ во Скопје се запишала во 1994 г.. Магистрирала во 2002 г. на тема , "Слободно векторско вредносни групи", под менторство на проф. д-р Дончо Димовски. Од 15.3.1994 г. е вработена како стручен соработник на Инсти­тутот за математика на ПМФ во Скопје. Во јули 1997 г. е избрана во звањето помлад асистент, а во октомври 2000 е преизбрана во истото звање. Во октомври 2002 г. е избрана во звање асистент на Заводот за алгебра и геометрија на Институтот за математика и преизбрана во истото звање во октомври 2005 г.. Од вработувањето до денес, има изведувано вежби по следните предмети: геометриски трансформации, линеарна алгебра и алгебра 2 на студиите по математика; геометрија, одбрани делови од геометрија, алгебра, одбрани делови од алгебра, Методика на наставата по математика и хоспитации на студиите по математика-физика; Математика на студиите по фармација и алгебарски дискретни структури на студиите по информатика. Главното подрачје на нејзиниот научен интерес е од областа на алгебрата со акцент на векторско вредносните структури. Досега објавила два научни труда (едниот во Зборникот на трудови од Вториот конгрес на математичари на Македонија, а вториот во Математички билтен); трет труд и е прифатен за објавување во Зборникот на трудови од Третиот конгрес на математичарите на Македонија. Презентирала два труда на Вториот и на Третиот конгрес на математичарите на Македонија. Објавила два стручни труда. Учествувала на неколку семинари по алгебра, одржани во Македонија, а на два од нив имала и свои соопштенија. Досега била учесник во 3 домашни научно-истражувачки проекти. Во моментов е учесник во научно-истражувачкиот проект ,,Векторско вредносни структури" под раководство на академик Ѓорѓи Чупона, одобрен од Македонската академија на науките и уметностите. Член е на Сојузот на математичари на Македонија. Од 1994 г. учествува во одржувањето на натпреварите по математика за ученици од средните училишта како член на Комисијата за задачи за натпреварите за средно образование, а од 2004 до 2006 г. била претседател на Комисијата за задачи за натпреварите за основно образование. Била координатор на Балканската олимпијада по математика, Охрид, 1999 г., како и на Балканската олимпијада по математика за ученици до 15,5 години, Охрид, 2000. Во 2004 г. била заменик водач на македонската олимписка екипа на Балканската математичка олимпијада за ученици-средношколци, Плевен, Бугарија и заменик водач на македонската олимписка екипа на меѓународната математичка олимпијада за ученици-средношколци, Атина, Грција. Од 2004 г. е уредник во математичкото списание за основно образование Нумерус. ...