Navigation
 

Магистер Василевска Виолета - Асистент

Родена на 17 јануари 1970 г. во Битола. Основно и средно образование завршила во родното место со континуиран одличен успех. Во учебната 1988/89 г., се запишала на студиите по математика-наставна насока, на ПМФ. Студиите ги завршила на 30.9.1992 г., стекнувајќи се со звањето дипломиран профессор по математика. Во учебната 1992/93 г. се запишала на постдипломски студии на Институтот за математика. Магистерските студии успешно ги завршува на 4.3.1998 г., со одбрана на магистерскиот труд "Два пристапа во теоријата на прав облик - со фундаментали мрежи и со инверзни системи", здобивајќи се со звањето магистер по математички науки. Виолета Василевска е примена за стручен соработник на ИМ при ПМФ во мај 1993. Во мај 1996 е избрана во звањето помлад асистент, а во септември 1998 - во звањето асистент. Како асистент изведувала вежби од следниве предмети: математичка анализа 1, топологија, аналитичка геометрија, хоспитации по методика на наставата по математика (на студии по математика), математика 1 и 2 (на студиите по хемија). Активно учествувала во организирањето на регионалните и републичките натпревари по математика за учениците од средното образование. Во периодот 1998-1999 била едитор на математичкото списание Сигма. Научна област на нејзин интерес е топологија, Во периодот до нејзиното заминување на докторски студии во Америка во јануари 2000, објавила 2 труда, учествувала на 5 научни конференции, од кои 3 надвор од Македонија, и презентирала труд на Интернационалната конференција по геометриска топологија во Дубровник, Хрватска, во 1998. Како помлад истражувач, учествувала во два проекта финансирани од Министерството за наука и образование на Р Македонија: Тополошки методи и Тополошка класификација и примени. Од август 2004, д-р Василевска работи како доцент на Институтот за математички науки при Универзитетот на Јужна Дакота во Вермилион, САД.