Navigation
 

Магистер Атанасов Ристо - Асистент

роден на 18 март 1970 г. во Кавадарци. Основно и средно образование завршил во Кавадарци. На Природно-математичкиот факултет во Скопје се запишал во учебната 1989/90 година, а дипломирал на 29.10.1993 г. на Групата за математика (теориска насока) со среден успех 9,61. Во 1993 г. бил најдобро дипломиран студент на ПМФ. Во февруари 1994 г. се запишал на постдипломски студии по теориска матема­тика на ПМФ во Скопје. На 15.4.1994 г. вработен е како стручен соработник на Институтот за математика на ПМФ во Скопје. Изведувал вежби по неколку предмети за студентите по мате­ма­тика и по информатика. Бил учесник во два научноистажувачки проекта: "Геометиско-тополошки, ди­фе­рен­цијално-геометриски и комбинаторни проблеми со примена" и "Хомогени ком­пакти". Заради докторски студии замина во САД.