Navigation
 

Грковска Славица - Пом. асистент

Родена на 27 јули 1970 год. во Скопје, каде што завршила основно и средно учи­лиш­те. Во 1988 год. се запишала на Природно-математичкиот факул­тет во Скопје, на студиите по математика. Дипломирала во 1992 год. На постдипломски студии по математика на ПМФ во Скопје се запишала во учебна­та 1993/94 год. Во октомври 1993 год. се вработила во НУБ "Св. Климент Охридски". Во април 1995 год. се вработила како стручен соработник на Институтот за математика на ПМФ во Скопје. Изведувала вежби по неколку предмети за студентите на ПМФ (на двопредметните студии математика-физика) и на Шумарскиот факултет. Од септември 2002 г. е пратеник во Собранието на РМ.