Navigation
 

Целаковскајорданова Весна - Пом. асистент

Родена на 14 јануари 1974 г. во Скопје, каде што и завршила основно и сред­но обра­зо­вание, а во учебната 1992/93 се запишала на Групата математика на ПМФ-Скопје, нас­­тавна насока. Во учеб­на­та 1995/96 година била про­гла­сена за најдобар сту­дент на гру­­па­та математика. Дипломирала на 26.2.1997 г., со про­се­чен успех 9,42. На 22.12.1997 се врботила како стручен со­ра­ботник на Институ­тот за ма­те­ма­ти­ка. За помлад асистент на Ин­сти­ту­тот за математика е избрана на 19.2.2001 г., а на 28.9.2006 за асистент на Заводот за алгебра и геометрија на Институ­тот за математика. Во учебната 1997/98 го­ди­на се запишала на постдипломски студии на Инсти­ту­тот за мате­ма­тика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Магис­три­рала на 12.10.2005 г. на тема "Канонични објекти во многуобразија групоиди", која е од облас­та на универзалната алгебра. Изведувала вежби по следниве предмети: множес­тва и ло­ги­ка, линеарна ал­геб­­ра 1, линеарна алгебра 2, алгебра 1, алгебра 3, криптографија, аналитичка гео­мет­рија (за Групата ма­те­ма­ти­ка-физика), тригонометрија (за Групата математика-физика), ма­те­ма­ти­ка 1 и математика 2 (за Групата хе­ми­ја), математика (за Факул­те­тот за земјоделски науки и храна) и др. Учествувала во работата на Комисијата за натпревари по математика за уче­ни­ците од средното образование во 1998 и во 1999 г.; и во Комисијата за натпревари по мате­ма­ти­ка за учениците од основното образование во 2005 и во 2006 г. Од 1.6.2004 г. е еден од уредниците на мате­ма­тич­ко­то списание "Сигма". Учествувала на неколку научни собири: - Втор конгрес на СМИМ, Охрид 2000, со соопштение: За две многу­образија гру­по­иди од ранг 1 (Ѓ. Чупона, В. Целакоска-Јорданова), а е коавтор и на сооп­ште­ни­е­то: За една класа n-гру­поиди (Б. Јанева, В. Миовска, В. Целакоска-Јорданова).- Трет хрватски математички конгрес, Сплит 2004, со соопштение: Free objects in varieties of groupoids with partial commutativity(V.Celakoska-Jordanova). – NSAC’05, Новосадска алгебарска конференција 2005, со соопштение: Canonical biassociative groupoids (B.Janeva, S.Ilić, V.Celakoska-Jordanova).Трет конгрес на СММ, Струга 2005, со соопштение под наслов: Cyclic subgroupoids of an absolutely free groupoid (V.Celakoska-Jordanova). Учествувала во научниот проект Слободни и ним блиски алгебарски струк­тури, МАНУ (раководител: проф. д-р Г. Чупона), од 2000 до 2002 г, а од 2006 г. учествувала во проектот Алгебарски структури, МАНУ (раководител: проф. д-р Ѓ. Чупона). Коавтор или автор е на следниве 4 објавени научни трудови: Д. Димитровски, В. Целакоска-Јорданова, Лапласовата равенка и хар­мо­ниски функ­ции од две комплексни независни променливи во аналити­чен случај, Год. збор. на ПМФ, Том 38 (1997), G.Čupona, V. Celakoska-Jordanova, On a Variety of Groupoids of Rank 1, Зборник на трудови одВториот конгрес, Охрид 2000, B. Janeva, V. Miovska, V. Celakoska-Jordanova,On a class of n-groupoids,Зборник на трудови одВториот конгрес,Охрид 2000 V. Celakoska-Jordanova, "Free groupoids with ",Mathematica Macedonica Vol.2, 2004, а поднесени за објавување се уште 2 труда. Коав­тор е на учебникот Математика, наменет за студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна. ...