Navigation
 

Гацовска Анета - Пом. асистент

Родена на 30 октомви 1975 г. во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. На Природно-математичкиот факултет, на студиите по математика-теориска насока, се запишала во учебната 1994/1995 година. Дипломирала на Институтот за математика во 2000 г. и се стекнала со звањето дипломиран математичар. На постдипломски студии на Институтот за математика се запишала во 2001 г.. Во октомври 2001 г. е избрана за помлад асистент на Институтот за математика при ПМФ, Скопје, и реизбрана во истото звање во септември 2003 и во октомври 2006 г. Во периодот ноември 2000 - февруари 2001 г. работела како демонстратор на Електротехничкиот факултет во Скопје. Од вработувањето до денес изведувала вежби по предметите: математика на студиите по аналитичка биохемија; математика на Факултетот за фармација; математика 1 на студиите по хемија; аналитичка геометрија на студиите по информатика; аналитичка геометрија, аналитичка геометрија 1, аналитичка геометрија 2 на студиите по математика; одбрани делови по алгебра на студиите по математика-физика; елементарна математика со практикум на студии по математика, елементарна математика со практикум на студиите по математика-физика, топологија, топологија (општа и алгебарска), хоспитации на наставата по математика, хоспитации на наставата по математика за групата математика-физика, математика 2 (Група физика), проективна геометрија; финансиска математика, теорија на неподвижна точка и математички модели во економија на применетите насоки на студиите по математика. Главното подрачје на научен интерес í е од областа на применетата математика, со акцент на математичката економија. Со свое соопштение учествувала на Третиот конгрес на математичари на Македонија и има 2 стручни труда прифатени за печат, едниот во Зборникот на трудови од Третиот конгрес на математичарите на Македонија, а другиот во математичкото списание Сигма бр. 73, за учениците од средното образование. Член е во Сојузот на математичари на Македонија и во изминатиот период била член на Комисијата за натпревари за учениците од средното образование при СММ, уредник во математичкото списание Нумерус за учениците од основното образование и член на Организациониот одбор на Третиот конгрес на математичарите на Македонија. Член е на Здружението на актуари на Македонија "Актуар" и претседател на собранието на тоа здружение. Во периодот мај 2002 - јуни 2004 ги завршила основниот и напредниот курс по актуарска математика - примена на математиката во осигурувањето; организиран од Министерството за финансии на Република Македонија, Faculty of Actuaries, УК и Природно- математичкиот факултет во Загреб. Во периодот јуни-јули 2004 престојувала на Институтот за актуари во Англија, во Лондон и во Оксфорд, ја завршила обуката за тренери за изведување актуарски курсеви, Training of trainers, и се стекнала со сертификат за работа како тренер во областа.