Navigation
 

Маркоски Ѓорѓи - Пом. асистент

Роден 4 декември 1973 г. во Кичево. Основното и средното образование ги завршил во Кичево. Во учебната 1992/93 година се запишал на студиите по математика, теориска насока, на ПМФ во Скопје. Дипломирал во 1997 г.. Во 1998 г. е избран за стручен соработник на Институтот за математика, во 2001 за помлад асистент. Потоа се запишал на постдипломските студии на Институтот за математика при ПМФ. Во 2004 г. го одбранил својот магистерски труд "Проширување во категориите на непрекинати, рамномерни и прави пресли­ку­ва­ња". Во 2005 г. е избран за асистент на Институтот за математика. Во текот на сво­јата работа изведувал вежби по предметите: математичка анализа 1 (прв и втор дел), то­по­логија, линеарна алгебра, елементарна математика со практикум, функционална анализа, одбрани делови од диференцијални равенки, комплексни броеви и функции, ма­те­ма­тика 3 (за физичари), математика 2 (за хемија), компјутерски практикум 1, компјутерски прак­тикум 3, математика (земјоделски факултет). Во овој семестар изведува вежби по предметитеМатематичка анализа 1 (прв дел), компјутерски практикум 3, математика (Факултет за земјоделски науки и храна). Учествувал во организацијата на првата Интернационална конференција по топологија и нејзините примени, одржана во септемри 2000 г. во Охрид, како и на втората во септември 2004 г., во Скопје. На таа конференција го презентирал трудот: 1.N. Shekutkovski, G. Markoski, Ends and quasicomponents. На Третиот конгрес на математичарите на Македонија, октомври 2005 г. во Струга, го презентирал трудот: 2. Н. Шекутковски, Ѓ. Маркоски, Просторот од рамномерни краеви како инверзен лимес од рамномерни компоненти на околини, прифатен за печатење во Зборникот на трудови. На тој конгрес коавтор е уште на два стручни труда. Учествувал во организацијата на Конгресот. Од 2003 г. е член на Уредувачкиот одбор, т.е. секретар, на научното списание Мате­ма­тички билтен. Од 2002 годиина е уредник на списанието Сигма за учениците од средното обра­зо­вание, а од 2004 г. и главен и одговорен уредник. Претседател е на Комисијата за натпревари на учениците од средното образование во Македонија. Коавтор е на збирката задачи Одбрани задачи по елементарна алгебра, во издание на Нумерус, Скопје, 2003 г.. Исто така, коавтор е на Збирката задачи по математичка анализа 1 (прв и втор дел), која Наставно-научниот совет на ПМФ ја одобрил за печатење како учебно помагало. Коавтор е и на учебникот Математика за студентите на Факултет за земјоделски науки и храна. ...