Navigation
 

Гоговска Валентина - Пом. асистент

Дипломиран професор по математика, е родена на 15 јуни 1973 г. во Тетово, каде што завршила основно и средно училиште. Во јануари 1996 год. дипломирала на Институтот за математика на Природно- математичкиот факултет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Има пријавено магистерска работа со наслов "Задачи и системи задачи во алгебарската теорија на броеви". Во периодот од 22 март до 22 јуни 1996 год. работела во Гимназијата "Кирил Пејчиновиќ" во Тетово, каде што го стекнала и своето прво работно искуство. За помлад асистент на Институтот за математика е избрана на 27 април 2004 г. Досега изведувала вежби по предметите: линеарна алгебра, тригонометрија, теорија на броеви, методика на наставата по математика за студентите од групите математика и математика-физика, хоспитации, математичка анализа 1 и 2 за студентите од групата физика и математика за студентите од Шумарскиот и Земјоделскиот факултет.Главно подрачје на нејзиниот научен интерес е методиката на наставата по математика, дисциплина од која има напишано 10 трудови, од кои 7 се објавени во зборници надвор од Македонија. Ме"у позначајните би ги издвоила печатените трудови: 1. V. Gogovska, Problem solving strategy-challenge for gifted students, Study Conference 16, Mathematics in and beyond the Classroom Trondheim, Norway, 27 June to 03 July 2006; 2. V.Gogovska, R.Malcevski, Generalization-Challenge for Gifted Students, Proc. of The Tenth International Seminar of Creativity Development, 2005, Daejon, Korea; 3. V.Gogovska, R.Malcevski, Integration of mathematics curicculum, challenge for contemporary mathematics, Proc. of Conference in Svishtov, Bulgaria, 2005; 4. V.Gogovska, R.Malcevski, The role of educational methods in teaching of gifted and talented students, Proceed. of the Tenth International conference of mathematics education 2004, Proc. of the Tenth International Conference of Mathematics Education 2004, Kopenhagen, Danmark; 5. R.Malcevski, V.Gogovska, Using means inequality for getting sturctural mathematical knowledge, Proc. of the Third International conference 2003 Ruse, Bulgaria.; Треба да се спомене и усната презентација со наслов Proof and proving in mathematical classroom (V.Gogovska, R.Malcevski) на конференцијата на AMS, DMV и OEA, што се одржа во Мајнц, Германија, 16-19 јуни 2005 (апстракт на стр.190 во Conference-Program). Досега, како член, учествувала во два домашни проекта, а член е и на Македонското и на Американското математичко друштво. ...