Navigation
 

Д-р Рендевски Стојан - Доцент

Роден на 4 мај 1969 г. во Струмица, каде што го завршил основното образование. Средно образование (физичар-техничар) завршил во 1987 г. во Гимназијата Јане Сандан­ски во Струмица. Во 1987/88 ја отслужувал воената обврска. Од учебната 1988/89 студирал физика на насоката применета физика на ПМФ во Скопје. Дипломирал во 1993 г. со среден успех 9,23. Во учебната 1994/95 се запишал на постдипломски студии по физичка оптика на ПМФ во Скопје и магистри­рал во 1999 г. на тема Испитување на конформациониот премин клопче-двојна спирала на полисахаридот капа карагинан во вода и вода/глицерол. Во 2004 г. ја одбранил докторската дисертација под наслов Влијание на микрогел честиците од натриум алгинат врз структурата на гелови од калциум алгинат користени за контролирано испуштање супстанции“. За стручен соработник е избран во 1994 г., за помлад асистент во 1996 г., а задоцент во 2005 г. Како наставник држи настава по предметите био­фи­зика и спектроскопија. Во периодот од 1994 до 2004 г. изведувал лабораториски вежби по предметите:биофизика за студиите по применета физика на ПМФ, одбрани делови од физика за студиите по информатика на ПМФ, биофизика за студентите од Стоматолошкиот, Фармацевтскиот и Медицинскиот факултет во Скопје, физика за студентите од Шумарскиот факултет во Скопје и биофизика за студентите од Факултетот за ветеринарна медицина. Во периодот 1996 - 2003 изведувал аудиториски вежби по предметот одбрани делови од физика за студентите по информатикана ПМФ. Поставил шест нови лабораториски вежби: четири за предметот биофизика за студиите по применета физика, една за предметот нуклеарна физикаи една за предметот атомска физика. Учествувал во стручно-апликативна дејсност; па за нарачатели од стопанството ги вршел слениве мерења: испитување на колориметриските параметри на бои и тапети за вертикална сообраќајна сигналзиација и испитување на вискозните својства на маслата и мазутутот. На полето на популаризацијата на физиката, два пати бил предавач на Школата млади физичари (1995 и 1999) и објавил 13 написи во списаниетоИмпулс. Објавил 2 стручни труда во списанието Билтен на физичарите на Република Македонија (Кн. 44, 2000/2001 и Кн. 45, 2002/2003). Бил ангажиран на натпреварите во организација на Народна техника - Скопје, од областа физика за ученици од основните училишта (период 1998-2002). Бил ангажиран во комисии за одржување натправари во организација на Друштвото на физичарите на Република Македонија (период 1994 - 2006). Работел со талентирани ученици од средните училишта за подготовка на меѓународна олимпијада по физика (1996 - 2003). Во периодот од 1999 до 2000 г. бил надворешен наставник по физика во Пекснас, Скопје. Во периодот од 1997 до 1999 бил благајник на Друштвото на физичарите на Република Македонија. Работел на 3 домашни научноистражувачки проекти, финансирани од Министерството за образование и наука на Република Македонија, и на еден странски проект финансиран од НАТО- програмата Наука за мир. Учествувал во еден Темпус-проект и остварил престој при Универзитетот во Гент, Белгија. Објавил 18 научни трудови од кои 5 се објавени во странски списанија. Во Годишениот Зборник - Физика, објавил 6 трудови. Во Physica Macedonica објавил 3 труда. Во Balkan Physics Lettersобјавил 5 труда. Во Bulletin of the Chemists and Technologists of Macedonia објавил 2 труда. Во Polymer Bulletinобјавил еден труд (2005). Во European Journal of Physicс објавил еден труд (2005). Цитиран е во SCI. Учествувал со соопштенија на 12 научни конференции, а презентирал научни резултати на 5 домашни и една конференција во странство (Euro Physics Conference on Macromolecular Physics, Варена, Италија, 1998). Во 1999 г. бил учесник на Летната школа по физика на материјали во Солун, Грција, каде што ја презентитал својата магистерска работа. Добил стипендија за индивидуална мобилност од Темпус-канцеларијата во Брисел и реализирал студиски престој на Универзи­тетот во Вагенинген, Холандија. Добил стипендија од Бугарската академија на науките, за учество на конферемнција по електрооптика на полимери во Софија, 2000 г. Во 2003 г., бил на истражувачки престој во Лабораторијата за расејувања при Универзитетот Карл Францен, Грац, Австрија, финасиран од НАТО проектот. Член е на уредувачкиот одбор на списанието Physica Macedonica за периодот 2005 до 2007. Бил чпен на комисија за одбрана на еден магистерски труд (2006) и на еден дипломски труд (2006). Бил резенцент на еден труд објавен во Journal of Applied Polymer Science, Wiley Science, 2005. Активно се служи со англискиот јазик. Разбира и руски јазик. ...