Navigation
 

Магистер Пачоова Ташка - Асистент

Родена на 29 мај 1963 г. во Струмица. Основно и средно образование завршила во Струмица. Во 1981 г. се запишала на Природно-математичкиот факултет во Скопје и во 1986 г. се здобила со звањето професор по физика. На постдипломски студии на Природно-математичкиот факултет (група физичка оптика) се запишала во 1989 г. и во 1995 г. се здобила со титулата магистер по фи­зич­ки науки, со одбраната на трудот: Криволиниски зонски мрежички како репрезенти на полето на рамнински криволиниски светлински извори. Изведувала вежби за студентите по физика, математика-физика и информатика на Природно-математичкиот факултет, вежби за студентите по медицина, стоматологија, фар­ма­­ција, како и за студентите на студиите за виши рендгенски техничари.Била активен член на Друштвото на физичарите на Република Македонија.Учествувала во два научни проекта. Објавила четири научни труда, повеќе стручни трудови во македонски списанија и работела на изработката на интерни упатства за лабораториските вежби на студентите по физика. Учествувала на две меѓународни научни конференции и на Првата конференција на Друштвото на фи­зичарите на Македонија (Охрид, 1996). Престојувала во Трст, на Winter College on Optics, во 1993 г.Од 1999 г., поради семејни причини, го напуштила Институтот и моментално живее и работи во Рим, Италија. ...