Navigation
 

Магистер Милосавлевски Живко - Асистент

Роден во село Вратница на 17 март 1949 г. Завршил гимназија во1966/67, а на студиите по физика се запишал во учебната 1967/68 г. Дипломирал на 14 мај 1978 г. По дипломирањето бил избран за стручен соработник на Факултетот за физика по експериментална физика, а после магистрирањето бил избран за асистент. Одржувал вежби по повеќе предмети на Институтот за физика. Магистерската тема со наслов Добивање на BaCuO суперспроводни филмови со Screen Printing методот и испитување на некои нивни физички својстваја одбранил на 14 декември1994 г. Има објавено неколку стручни и неколку научни статии. Моментално работи на проблеми на високотемпературната суперспроводливост. ...