Д-р Апостоловска Гордана - Доцент

Родена на 31 мај 1967 г. во Битола. Основно и средно образова­ние завршила во Скопје. Во 1990 г. дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје и се стекнала со диплома – инженер по физика. Во 1991 г. се вработила на Институтот за физика при ПМФ во Скопје како стручен соработник, а од 1994 г. работи како помлад асистент. Во 1997 г. магистрирала на ПМФ, на насоката теориска физика, со трудот “Влијанието на магнетното поле врз спинската состојба на неутрална честичка со спин 1/2“. За асистент е избрана во 1998 година. Од своето вработување до денес држела нумерички вежби по предметите:теориска електродинамика со специјална теоија на релативноста, aстрономија со астрофизика, физика на кондензирана материја, физика за математичари. Лабораториски вежби држела по предметот физика на кондензирана материја, физика за математичари и физика за студенти од другите факултети. Во 2004 г. на Институтот за физика, ПМФ, ја одбранила докторската дисертација со наслов „Определување на некои динамички карактеристики на избрани астероиди“. За доцент е избрана во 2005 г. Држи предавањa по предметите: aстрономија со астрофизика, физика и заштита на природната средина, oснови на физиката на Земјата, на атмосферата и екологија. Реализирала престои на Факултетот за физика при Софискиот универзитет од 7 до 24.10.2002 г. и на Факултетот за физика при Универзитетот “Адам Микиевич” во Познан, Полска од 4 до 27.9.2004 г., со користење на Темпус-стипендија за мобилност. Од 1997 г. има активна соработка со групата Сончев систем, од Институтот за астрономија при БАН, и редовно учествува во астрономски набљудувања на Националната астрономска опсерваторија во Рожен, Бугарија. Учествувала на голем број интернационални школи и конференции. Била вклучена во повеќе Темпус - образовни проекти и во неколку научни проекти. Од јуни 2006 г. раководител е на националниот научен проект Фотометриски и астрометриски изучувања на астероиди и комети. Теориски истражувања на ѕвезди, финансиран од МОН. Главно подрачје на нејзин научен интерес се астрометриски и фотометриски изучувања на астероидите. Најзначајни публикувани трудови: M. Mijatovic, G. Ivanovski, B. Veljanoski and G. Apostolovska, Tunnelling of Neutral Particle with Spin 1/2 through Magnetic Field; Spinors, Twistors, Clifford Algebras and Quantum Deformations, ed. Z. Oziewicz et al., Kluwer Academic Publisher, Netherlands, 413-420,(1993); G.Apostolovska, M.Mijatovic and R.Neskovska, Contact States in One-Dimensional Crystal, Proc. Supp. of Balkan Physics Letters,5, 474-477 (1997);G. Apostolovska and G. Borisov, CCD lightcurves of several asteroids during their last apparitions, Proceedings of Ceres 2001Workshop, 51-54, IMC Editions, (2004); V. Ivanova, G. Apostolovska, G. Borisov and B. Bilkina, Results from Photometric Studies of Asteroids at Rozhen National Observatory, Bulgaria, Proceedings of ACM2002, ESA-SP-500, 505-508, (2002); G. Apostolovska, V. Ivanova, G. Borisov, Lightcurves and rotational periods of 1474 Beira, 1309 Hyperborea, and 2525 O'Steen, The Minor Planet Bulletin Bulletin of the Minor Planets Section of the Association of Lunar and Planetary Observers, 31, 44-45, (2004). Била секретар на Македонското астрономско друштво од основањето во 1996 г., а во 2005 станала негов претседател. Учествува во редакцијата на списанието Астрономски алманах. Од 2003 г. е член на Меѓуна­родната астрономска унија (IAU). ...