Д-р Јакимовски Драган - Доцент

Роден во 1961 г. Студирал физика и филозофија. Во 1993 г. магистрирал, а во 2004 г. докторирал на ПМФ во Скопје. Во периодот од 1985/86 до 1987/88 и во учебната 1990/91 држел настава по основи на астрономијата во Планетариумот во Скопје, за ученици од петто и осмо одделение. Од вработувањето на ПМФ држел нумерички и лабораториски вежби по предметите нуклеарна физика со елементарни честици, атомска и нуклеарна физика, атомска физика со спектроскопија и општа физика. Во звањето доцент држи настава по предметот атомска и нуклеарна физика.Има објавено неколку научно-популарни прилози во македонските списанија и има преведено неколку книги. ...