Д-р Крстовска Даница - Доцент

Родена на 21 јули 1972 г. во Струмица. Основно и средно образование завршила во родниот град. Дипломирала на студиите по физика (применета насока) на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во ноември 1995 г. Во 1996 г. се запишала на постдипломски студии по теориска физика - насока квантна и статисти­чка физика. На 5. 11. 1998 г. го одбранила својот магистерски труд под наслов Коефициент на придушување на акустични бранови во квазидводи­мензионални спроводници во присуство на магнетно поле.Со титулата док­тор на физички науки се здобила во 2004 со одбраната на докторската дисертација под наслов Електроакустични и термомагнетни појави во ниско-димензионални спроводници. Како асистент изведувала нумерички вежби по предметите квантна механика и математичка физика за студентите од физика, квантна механика за студентите од насоката теориска математика и физика(I и II) за студентите од хемија, како и експериментални вежби по неколку предмети. Сега, како доцент, изведува настава по предметите: електродинамика и теорија на релативностаза судентите по физика и физика (I дел) и физика (II дел) за студентите по математика.Во периодот од 1996 до 1999 г. била соработник - истражувач во научноистражувачкиот проект Електроакустични феномени во спроводни средини, а сега е раководител на националниот научноистражувачки проект со меѓународно учество Електроакустчни и термомагнетни појави во ниско-димензионални спроводници.Нејзиниот научен интерес е поврзан со теориските проблеми во физиката на кондензирана материја, и поспецијално, со електронската транспортна теорија на спроводни средини од органско потекло со ниско-димензионален електронски енергетски спектар.Во текот на два месеца во 1997 г. и шест месеци во 2003 г. престојувала на Институтот за ниски температури и инженеринг при Украинската академија на науките, во Харков (Украина). Кратки студиски престои има остварено: во траење од две недели во Интернационалниот центар за теориска физика во Трст, Италија, како учесник на 10th Workshop on open problems in strongly correlated electron systems, во траење од еден месец во АМСТЕЛ-институтот во Амстердам (Холандија) и во траење од седум дена во Институтот за физика при Аристотел- универзитетот во Солун, Грција, во рамките на ТЕМПУС-ФАРЕ проектот Употреба на компјутерите во континуираното образование на професорите по физика. Била и соработник-истражувач во рамките на пилот ТЕМПУС- проектот Истражување на пазарот на труд за потребите од различни профили на физичари. Има објавено 12 научни труда (11 во меѓународни списанија и 1 во домашно) и 7 стручни трда. Со свои трудови, како автор или коавтор, учествувала на 16 научни собири, од кои 11 во странство и 5 во земјата. Говори англиски, руски и италијански јазик.Учествувала како предавач на Зимската школа по астрономија и на Школата млади физичари.Член е на Европското друштво на физичарите, на Друштвото на физичарите на Република Македонија и на Македонското астрономско друштво. ...