Navigation
 

Мијаљов Мичо - Струцен соработник

Роден во 1941 г. во с. Попле, Долна Преспа, Егејска Македонија. Во 1948 г., поради Граѓанскаата војна во Грција, емигрирал во Романија, а од 1954 г. во тогашниот СССР. Таму го завршил средното образование, потоа се запишал на Харковскиот физичко-математички факултет, на групата физика. По дипломираањето во 1963 година стапил на работа, како млад специјалист, во Физичко-техничкиот институт на Узбекистанската академија на науките во Ташкент. Во февруари 1964 г. работел, прво хонорарно, а потоа како предавач, на Чирчинскиот вечерен факултет. За асистент по општа физика (подоцнаа стручен соработник) на ПМФ во Скопје е избраан во 1967 г. Оваа должност ја изведувал сè до пензионирањето во 2001 г. Бил на специјализација во Харков во 1971/72 г., во Англија еден семестар, во Полска (Краков) и во Воронеж (Русија). ...