Д-р Пецовска-Ѓорѓевиќ Маргарета - Доцент

Родена на 20 февруари 1963 г. во Скопје. Основно образование завршила во учебната 1976/77 г., а гимна­зи­ја во 1980/81 во Скопје. На Природно-математичкиот факултет во Скопје, Институт за физика, дипломирала на применетата насока, како инженер по физика во 1987 г. Вработена е на ПМФ како помлад асистент истата година. Постдипломските студии од Сончево зрачење на Институтот за физика при ПМФ во Скопје завршила во јуни 1994 г. со одбрана на магистерскиот труд под наслов Влијание на условите за добивање на Cu2O тенки филмови со метод на хемиска депозиција врз нивната микроструктура и некои физички својства. Во мај 2002 г., на Институтот за физика при ПМФ, ја одбранила докторската дисертација насловена како Електрично карактери­зирање на тенки филмови од Та2О5 за примена во микроелектрониката. Во 1987 г. е избрана за помлад асистент на Институтот за физика при ПМФ, Скопје, во 1995 г. за асистент, а во 2003 г. за доцент. За време на работата како асистент имала можност да држи нумерички и лабораториски вежби од специјализирани курсеви за студиите по физика: механика, молекуларна физика, физика на нови материјали, нуклеарна физика, мерења во физиката; како и од општи курсеви на други институти од Факултетот: физика за математичари, хемичари, биолози; и општи курсеви на други факултети: физика за градежници и биофизика за биолози, медицинари и фармацевти. Откако е избрана за доцент држи настава по предметите: одбрани делови од физиката за ин­фор­матичари и физика за двопредметните студии по биологија-хемија, како и физика за студентите по аналитичка биохемија. Од учебната 2006/07 држи настава и по предметите физика 1 и физика 2 за дво­предметните студии по математика-физика. Научната активност на д-р Маргарета Пецовска-Ѓорѓевиќ се одвива на неколку актуелни и современи полиња, како што се физика на кондензирана материја, физика на полуспроводници и диелектрици, како и физика и екологија. Таа се занимава со истражување на нови наноматеријали, со електрично карактеризирање на тенки изолаторски филмови за примена во микроелектрониката, како и со микроструктурно, електрично и електрооптичко карактеризирање на полуспроводнички материјали за примена во технологијата на соларни ќелии. Работи и на примена на физиката во екологијата, т.е. примена на физичките и структурните методи за карактеризирање на аеросолните честици. Досега има објавено 18 научни и повеќе стручни трудови. Во списанија надвор од Македонија има објавено 12 научни трудови, од кои 6 се со импакт- фактор. Вкупниот број на цитираност на трудовите во SCI досега е 28. Рецензент е на три трудови во домашни списанија. На научни манифестации (конференции, школи и тн.) има презентирано 15 трудови, од кои 9 надвор од Македонија и 6 во Македонија. Била член на Уредувачкиот одбор на научно списание Physica Macedonica (2001/03), како и секретар на Редакцискиот одбор на списанието Билтен на Друштвото на физичарите (1999/2001), секретар на Школата млади физичари (1989-91), секретар на Друштвото на физичарите на РМ (1995-96). Учествувала во седум научноистражувачки проекти, од кои 2 меѓународни, а 5 домашни, и во 3 Темпус-проекти за унапредување на образованието. Престојувала на следниве странски институции: септември1992 Sixt Balkan school of particle physicsво Бодрум (Турција); октомври 1992, Катедра по физика на тврдо тело, Универзитет во Воронеж (Русија); март 1994,Second Workshop on science and technology of thin films во Трст, Италија; октомври 1999,Second Balkan School of condensed matter, Солун, Грција; октомври 2000, Универзитет во Гент, Белгија; март 2001 и ноември 2002 Институт за тврдо тело при БАН, Софија, Бугарија; мај 2001, Аристотел -универзитет, Солун, Грција. Во периодот од октомври 2003 до октомври 2005 била раководител на Заводот за кондензирана материја. Член е на Друштвото на физичарите на Р. Македонија. Се користи со англискиот јазик. ...