Д-р Танушевски Атанас - Доцент

Роден на 15 јануари 1961 г. во Струмица, каде што завршил основно и средно образование (Гимназија "Јане Сандански"). Како ученик активно учествувал во работата на секцијата за физика. На Факултетот за физика се запишал во учебната 1979/80 г. на наставната насока. Студиите ги завршил во септември 1985 г. Во 1988 г. се запишал на постдипломски студии на Институтот за физика на ПМФ во Скопје, на насоката Сончева енергија. Во октомври 1990 г. е примен за стручен соработник на Институтот за физика на ПМФ. Постдипломските студии ги завршил со просечен успех 9,16. Магистерската работа "Фотоволтаични ќелии од CdO-PbS препарирани со хемиско таложење и нивна примена" ја одбранил во 1994 г. За асистент на Институтот за физика е избран во 1995 г., а преизбран во 1998. Докторската дисертација под наслов "Оптички и електрични особини на тенки полуспроводнички филмови од SnS добиени со методот на хемиско таложење" ја одбранил во март 2003 г. Избран е за доцент во 2003 г. по предметите основи на електрониката и општа физика. Доцент д-р Атанас Танушевски држел вежби по: електроника и мерења во физиката (за студентите по физика), основи на електрониката и физика I со практикум (за студентите на двопредметните студии математика-физика), аудиториски и лабораториски вежби за студентите од Градежен факултет, лабораториски вежби за студентите од Шумарскиот факултет итн. Учествувал во изработката на Практикум за лабораториски вежби по предметот физика Iсо практикумза студентите од двопредметните студии по математика-физика. Ангажиран бил на полето на популаризацијата на физиката, со 4 публикации.Забележителна е неговата активност во работата на Друштвото на физичарите на Република Македонија. Член е на комисиите за натпревари по физика, за ученици од основните и од средните училишта, а во два мандата бил член на Претседателсвото на Друштвото и негов благајник. Учествувал во Темпус-Фаре проектот Осовременување на образованието и дообразованието на професорите по физика, чиј раководител е проф. Виктор Урумов. Во рамките на тој проект ја подготвил експерименталната вежба Селективен високофреквентен транзисторки засилувач и превел и адаптирал упатство за работа Функциски генератор. Во септември 1998 г. д-р Атанас Танушевски учествувал на Првата балканска школа за физика на материјали на Институтот за физика на тврдо тело при Универзитетот "Аристотел" во Солун. Во меѓувреме има воспоставено соработка со колеги од Институтот за физичка хемија при БАН, Софија. Како соработник учествувал во 5 научноистражувачките проекти. Резултат на неговата научна работа се 15 трудови, 4 публикувани во домашни и 11 во странски сисанија. Учествувал на 4 меѓународни и на 6 домашни научни конференции. ...