Д-р Велевска Јулијана - Доцент

Родена на 6 декември 1961 г. во Кочани. Основно образование завршила во Кочани во учебната 1975/76 г., а средно, исто така, во Кочани во учебната 1979/80 г.Во учебната 1980/81 г. се запишала на Факултетот за физика, а дипломирала во учебната 1985/86 г. на тогаш веќе Природно-математичкиот фракултет, Институт за физика. Со звањето магистер по физички науки се стекнала со одбраната на магистерскиот труд со наслов Оптички карактеристики на тенкиNi/SiOкер­мет­ни филмови доби­ени по методот на наизменично испарување во вакуум”,во октомври 1994 г., на Институтот за физика при ПМФ во Скопје. Со одбра­­ната на докторската дисертација под наслов Електрохромизам кај тенки филмови од никел оксидво 2002 г. на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет, се стекнала со нау­чниот степен доктор по физички науки. Главно подрачје на научен интерес í е физика на тврдо тело, специјално електрохромизмот кај неоргански тенки фил­мови. На Институтот за физика при ПМФ во Скопје е вработена од 1.1.1988 г. како приправник-помлад асистент, во јуни 1989 г. е избрана за помлад асистент, а во ноември 1995 г. и за асистент по оптика и општа физика. Во февруари 2003 г. е избрана за доцент по група предмети од оптика и општа физика. Во периодот 1991-1993 г. била благајник, а во периодот 1997-1999 и 2003-2005 г. и секретар на Друштвото на физичарите на Република Македонија. Во рамките на научните истражувања на Институтот за физика при ПМФ, д-р Јулијана Велевска учествувла во четири научноистражувачки проекти, како и во три проекти од сферата на унапредувањето на образованието. Од нејзиното вработување па сè до денес, во рамките на Друштвото на физичарите на Р. Македонија, д-р Јулијана Велевска учествува како член во комисиите за избор и прегледување на задачи на регионалните и републичките натпревари по физика кои се одржуваат секоја година. Д-р Јулијана Велевска е автор на 14 научни и на неколку стручни трудови, објавени во до­маш­ни и во меѓународни списанија, 11 пати цитирани воSCI. Со свои соопштенија учеству­вала на 15 конференции, 7 во земјава и 8 во странство, а исто така остварила и неколку студиски престои: ICTP-Tрст (Италија), септември 1997, Солун, Aristoteles University (Грција), септември 1998 и мај 2001, Универзитетот воГент (Белгија), октомври 2000, Институтот за тврдо тело при БАН, Софија (Бугарија), март 2001. Како асистент на Институтот за физика, Јулијана Велевска досега изве­дувала експериментални и нумерички вежби по предметите: оптика, атомска со нуклеарна физика, методика на наставата по физика со хоспитации, општа физика за градежници, медицинари, стоматолози, фармацевти, шумари, матема­ти­чари, хемичари, биолози, итн.; учествувала во подготвувањето на упатства за веж­би, во држењето семинари за средношколските професори по физика и за наставниците по физика од основното образование. По изборот за доцент држи настава по предметите: физика за градежници и геотехничари, физика за геодети, методика на наставата по физика со хоспитации за студентите од Групата математика-физика, физичка и квантна оптика за студентите од применета физика.