Navigation
 

Д-р Фукарова-Јуруковска Марија - Редовен професор

Родена на 2 јуни 1943 г. во Скопје. Основно и средно образова­ние со континуиран одличен успех завршила во Скопје. Природно-ма­тема­тички факултет во Скопје, Група физи­ка, завршила во 1967 г. како најдобар студент на генера­цијата. Постдипломски студии на насоката за физика на тврдо тело завршила на ПМФ во Скопје во 1973 г., одбра­нувајќи го магис­тер­скиот труд Дилатометриска анализа на легуритеод системот Ag-Zn во подрачје од 24-48 теж. % Zn". Со докторат на физич­ки науки се здобила во 1979 г., со одбрана на докторската дисертација Метаста­бил­ната фа­за на системот Ag-Znинеј­зиното форми­ра­ње при калење на легурите (27-48 теж. %Zn). За асистент на Елек­тро-­машинскиот факултет во Ско­пје е избрана во 1968 г., а за доцент во 1980 г. на Факул­тетот за физика во Скопје. Во 1986 г. е избрана за вон­реден, а во 1992 г. за редовен професор на ПМФ во Скопје. Изведу­вала настава по предметите: физика за студентите градеж­ни­ци, физика за студентите по геодезија, физика II со практикум и настава на постдипломските студии на насоките сончева енергија и физика на тврдо тело. Објавила 37 експериментални научни труда од повеќе области во физиката (ну­к­леарна физика, метали и легури, прашкова металургија, суперспроводници, полус­про­вод­ници). Сите се објавени во домашни и во странски списанија. Публикувала 18 стручни труд­а во спи­са­нието Импулс, во изданијата на Школата млади физичари, во изданијата на "Прос­ветно дело" и во Физика во здружениот труд (I и II советување). Учествувала во 9 научноистражувачки проекта. Од нив еден бил во соработка со ПМФ во Белград (1968 г.), еден во соработка со Универзитетот на Калифорнија во Беркли, САД (1974 г.), и еден во соработка со Универзитетот во Воронеж. Раководела или раководи со проектите: Полуспро­вод­­нички тенки филмови од аспект на нивна примена во оптоелектро­никата (ПМФ, 1992 г.), Испитувања на електрооптички особини кај тенки полуспровод­нички филмови и нивна примена (ПМФ, Скопје, и БАН, Софија, Бугарија, 1996 г.) и Синтеза и електрооптички својства на тенки полуспроводнички филмови и нивна примена. За издавање атести неопходни на повеќе градежни организации од Македонија за пласирање нови материјали на пазарот, извршила 7 истражувања на коефициентот на топло­спро­водливост, како и 3 термодилатометриски истражу­­вања на различни типови челици (за пот­ребите на Рудници и железарница Скопје). Учествувала во научна соработка со институции во Белград, Беркли, Софија и со МАНУ (Скопје). Студиски престојувала во Токио, (Јапонија) и во Трст и Болоња (Италија). Редовен учесник со реферати била на ЈСФКМ (секоја втора г.) од 1976 г. и на ЈКФМА (секоја петта г.) од 1975 г. Учествувала на 10. EPS Севилја (Шпанија), во 1996 год, EPS - 11 Лондон, Англија, 1999, 17th European Photovoltaic Solar Energy, Munih, Germany 2001и PV in Europe, From PV technology to Energy solutions, Roma, Italy, 2002.Учествувала во работата на самоуправните органи на ЕМФ и на ЕТФ, била претсе­да­тел на Извршниот одбор на УЦМТН, член на Извршниот одбор на ПМФ, секретар и претсе­дател на Сојузот на друштвата на физичарите на СРМ, член на КОАЖ на град Скопје, член на ИО на Синдикатот на Факултетот за физика и на Самостојниот синдикат на ПМФ; член на Советот на Школата млади физичари и на ИФ при ПМФ. Од 1991 г. е секретар на Редакцискиот одбор на списанието Годишен зборник Физика на ПМФ во Скопје, а од 1995 до1997 г. била негов прет­седател. Со група автори напишала Збирка решени задачи по физика, 1982 г., која во 1996 г. излезе како трето поправено издание во две книги од Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Напишала книга со предавања Физика 2,електромагнетизам и оптика, из­даде­на од Универзитетот Св. Кирил и Методији ПМФ, (2001), Скопје, за студенттите од Групата матема­тика - физика. ...