Navigation
 

Д-р Митрески Митре - Редовен професор

Роден на 6 јуни 1944 г. во с.Журче, Демир Хисар. Основно училиште завршил во родното место, гимназија во Битола, а дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, Група физика, во 1968 г. Научен степен ма­гистер по физички науки добил на Калифорнискиот државен универзитет во Чико, Калифорнија, САД. Со научен степен доктор на физички науки се стекнал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со одбрана на докторската теза Некои оптички, фотоелектрични и термоелектрични карактеристики на тенки филмови од кадмиум сулфид. Редовно е вработен на Факул­те­тот од октомври 1969 г., нај­прво како асистент, а потоа и како наставник на Институтот за физика. Од изборот во наставничко звањеја изведува, или ја изведу­вал, наставата и вежбите по апарати и инструментии наставата по електромаг­нетизам(за студентите на Институтот за физика) и одбрани делови од физика (за студентите на Институтот за информатика). Професор е и на постдипломските студии по физика на кондензирана материја, насока полуспроводници и течни кристали. Физиката на полуспроводниците, или, поконкретно, оптичките и електро­оптичките својства на полуспроводниците, е потесната научна област во која се одвива научната активност на д-р Митрески. Учествувал во работата на десетина научноистражувачки проекти, реализирани на Институтот за физика или во МАНУ. Има објавено, како автор или коавтор, четири­есетина научни трудови во интернационални, југословенски и македонски списанија. Учествувал на петнаесе­тина научни конгреси, конференции, симпозиуми и собранија, со приближно исто толку соопштенија, како автор или коавтор. Во рамките на еден поголем апликативен проект на Институтот за физика, учествувал во испитувањето на горливоста и топлоспроводливоста на некои градежни материјали. Активно соработувал со Катедрата по физика на тврдо тело на Универзитетот во Воронеж, Руска Федерација, и со неколку други надворешни институции во рамките на меѓународен проект, преку МАНУ. Учествувал или учествува во различни органи на управување на Факултетот, во различни постојани или времени комисии. Член е на Друштвото на физичарите на Република Македонија, а во неколку мандати бил и член на неговото Претседа­телство. Во еден мандат бил и раководител на Заводот за физика на кондензирана материја. Бил или е член на Редакцискиот одбор на Годишен зборник - Физика и на списанието за популаризација на физиката Импулс. ...