Navigation
 

Д-р Стојменов Станоја - Редовен професор

Роден во 1946 г. во Луковица, Р. Македонија. Студии по физика завршил на ПМФ (1970) во Скопје. Постдипломски студии од областа физика на тврдо телозавршилсо одбрана на магистерскиот труд: Примена на ултразвучна техника за испитување на механичките својства во синтерувани и несинтерувани легури од системот железо-никел, на Факултетот за физика во Скопје. Докторската дисертација:Проучавање промене магнетоеластичних својстава током консолидације прахова прелазних матала,”(од materials science) јаодбранил на Белградскиот универзитет. Од 1971 г. е вработен на Институтот за физи­ка, и денес е редовен професор на ПМФ во Скопје. Како асистент изведувал лабораториски и нумерички вежби за студенти физичари и нефизичари на матичниот, како и на други факултети. Настава одржувал од предметите: архитектонска физика I и IIна Архитектонскиот факултет, физика на нови материјали и физикана ПМФ, како и физика со инструмен­тална обработка на резултатите и биофизика на Фармацевтскиот факултет, на Универзитетот во Скопје. Изведува настава и на постдипломски студии на ПМФ. Научната активност му е од областа на физиката на кондензирана состојба, а посебно физиката на новите материјали. Поконкретно: не­деструктивни испитувања со ултразвук во домените на физиката на нови материјали (акустичката транс­паренција и еластичната каракте­ризација на порозни и компактни метални материјали), синтетизирање и карактеризација од структурен, електричен и магнетен аспект на високотемпературно суперспроводливи мате­ри­јали (ВТСМ). Неколку месеци по доделувањето на Нобеловата награда од областа на физиката за ВТСМ, под негово раководство, по алтернативни постапки, на Институтот за физика при ПМФ се добиени првите ВТСМ, чии резултати веднаш беа објавени (1988). Подготвува примероци од феромагнетни материјали и врши комплетна еластична карактеризација и испитување на магнетоеластичната состојба. Ментор е на изработен докторат и раководител на проекти за добивање и испитување на материјали со ефект на помнење форма, познати какопаметни. Досега има објавено 98 (научни и стручни) трудови, 1 патент, 1 монографија (издание на МАНУ), учествувал на 61 научен собир (16 домашни и 45 надвор од Р. Македонија). Учествувал во реализацијата на 25 проекти (од кои бил раководител на 4 национални и на 3 меѓууниверзитетски). Автор или коавтор е на 4 рецензирани и на повеќе привремени учебници, а бил и рецензент на учебници (за сите образовни степени), практикуми, научни трудови и проекти. (Најнова публикација: S. Stoimenov, et all.Geomagnetic for Aeronautical Safety, Springer-Holland, 2006).Бил замолен да напише мислење за изработена докторска дисертација од странство. Повикуван е за предавач и почесен гостин на конференции во странство, а учествувал во комисии за оценка и одбрана на 7 докторски дисертации надвор од ПМФ. Бил промотор и рецензент за избор на professor honoris causa на Универзитетот Св. Кирил и Методијво Скопје. Во рамките на научната активност има реализирано соработка и престој на повеќе национални и интернационални институции или универзитети во светот: Универзитетот за природни и медицински науки во Гренобл, Јагиелонскиот универзитет-Полска, International Centre for Theoretical Physics, International Institute Science of Sintering, Институтот за Физика на тврдо тело при Бугарската академија на науките, Sorbonne Nouvelle University-Paris, Институтот за технички науки-САНУ, Study Visit on Policy Making and Strategic Management-UNESCO, Физички факултет при Белградскиот Универзитет, Pierre et Marie Curie University-Paris, Физичкиот факултет при Софискиот универзитет. При престоите одржувал семинари и презентирал резултати од научни истражувања. Учествувал во повеќе активности, како: Belgrade School of Sintering, бил претседател на Комисија за издавање учебници од физика за основно и за средно образование на РМ, член на Редакционен одбор на Билтенот на Друштвото на физичарите на РМ, член на Комисијата за изготвување нацрт стратегија за образованието на РМ, претседател на Комисијата за полагање стручен испит од физика, член на Редакцискиот одбор на Physica Macedonica,Higher Education and Research Committee (CC-HER) при Советот на Европа, претседател на ИО на ПМФ, член на Сенатот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, учесник во Програмата за технолошки развој на РМ 2002-2006, претседател на Друштво на физичарите на Република Македонија,шеф на Институтот за физика при ПМФ. Во однос на воведувањето современи концепции и хармонизација на високото образование во Европа, што произлегува од Болоњската декларација, учествувал на повеќе собири организирани од Советот на Европа-Стразбур и од УНЕСКО-Париз, а за имплементација на Болоњскиот процес одржал предавања на конференциите на ДФ на РМ и пред членовите на ПМФ. Во поглед на новите организирања на науката (според ERA и FP), иницијатор е за конципирање и формирање Технолошко јадро за добивање и карактеризација на нови и современи материјали, во кое конвергентно се вклучени лабораториите за: ВТСП, ултразвучни испитувања, електрични мерења и електрооптика на дисперзни системи. ...