Navigation
 

Д-р Гичевски Александар - Редовен професор (во пензија)

Роден на 9 декември 1933 г. во Свети Николе. Средно образование оформил во 1952 г. во Белград. Природно-математички факултет завршил во 1960 г. во Скопје, а магистерски студии во 1973 г., со одбрана на магистерскиот труд Еластични параметри и коефициент на апсорпција на ултразвучните бранови во легурите од системот бакар-калај”. Во 1980 г., на При­род­но-математичкиот факултет во Скопје, со одбрана на темата Испитување на особините на термотропни течни кристали со ултразвук во зависност од температурите и електричното поле,се стекнал со титулата доктор на физички науки. Одржувал настава по општа физика за студентите од Институтот за биологија. Од основањето на Фармацевт­скиот факултет до пензионирањето држел настава по предметот физика за фар­мацевти, а подолго време предавал биофизиказа сту­ден­тите од Медицинскиот факултет во Скопје. На студиите по ме­тео­рологија при Институтот за физика на ПМФ во Скопје одр­жу­вал настава по предметот физика на метеоролошките ин­стру­менти. Со оваа настава Александар Гичевски бил повремено ангажиран и по пензионирањето. На постдипломските студии по физика на кон­ден­зи­рана материја и сончевата енергија одржувал настава по пред­метите физика на металографијата и основи на актино­метријата, а на Институтот за биологија држел настава по предметот основни елементи од биофизиката. Редовен предавач бил на Балкан­ската школа за примена на ултразвукот во меди­цината Охрид. Член е на повеќе здруженија за биофизика и медицинска физика на ниво на пора­неш­на Југославија, на Бугарија и на Русија. Физиката на ултразвукот и неговата примена е потесната научна област во која се одвива неговата активност. Активно соработувал со повеќе институти за биофизика од пора­неш­на Југославија и од балканските земји. Објавил 40 научни труда, од кои 5 во списанија над­вор од Македонија. Со соопштенија учествувал на 10 научни собири надвор од Македонија. Учесник е во 5 научни проекти. Коавтор е на два учебника (Општа физика и Биофизика) наменети за студентите на Универзитетот во Скопје. Автор е на еден учебник за средно училиште. Учествувал во апликативната дејност на Институтот за физика од областа на фи­зичките мерења на параметри на различни материјали. Бил продекан на Факултетот за физика во учебните 1979/80 и 1980/81 г. и раководител на Институтот за физика во периодот 1989-1990 г. Извесен период бил директор на Републичкиот хидрометео­ролошки завод во Скопје. ...