Д-р Новковски Ненад - Редовен професор

Роден на 14 мај 1958 г. во Крива Паланка. Основ­ното и сред­ното обра­зование ги завршил во род­ниот град, каде што матурирал во 1976 г. како најдобар уче­ник во гене­ра­цијата. Во учебната 1976/77 г. се за­пи­шал на студиите по применета физика на тогаш­ни­от Факултет за физика, каде што дипло­ми­рал во јули 1980 г. како најдобар студент во гене­ра­ци­јата. Во декември 1980 г. се вработил како помлад асис­тент по физика на тврдо тело при Факултетот за физика. Изведувал прак­тични и нуме­рич­ки вежби по неколку пред­ме­ти. Постдипломските студии по физика на ма­те­ријалите на Елек­тротехничкиот факул­тет во Белград ги завр­шил во 1985 г. со одбрана на магистерскиот труд Нов приод кон теоријата на BSF соларните ќелии. Од 1987 г. две и пол години престојувал на на­уч­­но усо­вр­шу­вање, како стипен­дист на влада­та на Швај­ца­рија, на Сојуз­ната политехника во Ло­зана. Таму ја изра­ботил док­торската дисертација Добивање на ул­тра­­тенки оксинит­ридни филмови со опти­мален диелектричен интег­ритет со по­мош на брза термичка пос­тап­ка, и ја одбранил на Инсти­тутот за физика на ПМФ во 1990 г. Во 1992 г., на покана на Институ­тот за микро и оптоелектроника на Сојузната политехника во Лозана, 5 ме­се­ци престојувал како поканет професор. Во 1991 г. бил избран за доцент на Институтот за физика на ПМФ. Во 1996 г. бил избран за вонреден професор по физика на кондензирана материја и по основи на физиката на тврдо тело. Во 2001 г. бил избран во звањето редовен професор, а во 2006 г. реизбран во ова звање. Држел пре­дава­ња по предметите:физика на кондензираната материја, вовед во физиката на тврдо тело, физика на нови материјали и мерења во физиката. Ангажиран е и на постдипломските студии по фи­зика на конден­зирана материја на Институтот за физика за предметите: одбрани поглавја од физиката на тврдо тело и кинетички појави во полуспро­водниците, како и на Инсти­ту­тот за хемија за пред­­метот физика на цврста состој­ба. Раководител е на постдипломските студии на Институтот за физика. Бил ментор на 1 докторат, на 3 маги­стер­ски работи и на 9 дипломски работи. Автор е на еден универзитетски учебник и коавтор на една скрипта. Раководел со 4 домашни и со 1 меѓу­народен научноистражувачки проект, а учествувал уште во 3. Учествувал во 2 проекта за унапредување на образованието. Објавил 26 статии во меѓународни списанија со импакт- фактор, 1 во странско списание без импакт-фактор, 14 во до­маш­ни, 17 труда во зборници од меѓуна­родни и 2 од домашни конференции. Презентирал 17 труда на меѓународни конференции и 5 на домашни. На неговите тру­до­ви има 87 цитати во списанија со импакт-фактор од автори од независни истражувачки тимови и 40 автоци­тати и цитати од автори со кои соработува. Неговите главни под­рачја на интерес се тенките изолаторски и полуспроводнички слоеви, соларните ќелии, квантниот хаос и кардиоваскуларната динамика. Соработува со Сојузната политех­ника во Лозана (Швај­ца­рија), Заво­дот за микро­елек­тро­ника на IHTM во Белград (Србија), Лабораторијата за физички проблеми на микроелектрониката при Институтот за физика на тврдото тело на БАН во Софија (Бугарија) и Електронскиот факултет во Ниш (Србија). Ја основал лабора­торијата за електри­чно карактери­зирање на материјалите и учествувал во работите за основање на техно­лошкото јадро за добива­ње и каракте­ри­зирање на нови материјали за магнетската опсерваторија. Бил раководи­тел на Заво­дот за физика на конден­зи­раната материја и двапати едноподруго бил избиран за шеф на Институтот за физи­ка. Бил општествено-политички активен подолг период како член на Извршниот коми­тет на ВМРО‡ДПМНЕ, а подоцна како претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-НП. Објавил околу сто текста во повеќе дневни весници и списанија за актуелни општествени теми, една книга полемики, а бил и заменик-главен и одговорен уред­ник на политичкиот магазин Глас. Во периодот од 1998 до 2002 г. бил министер во Владата на Република Македонија, во различни состави, одговорен за работите од образованието и науката, каде што се заложувал за воведување современи концепции во образовниот процес и за современо програмирање на науката и технолошкиот развој. Ги раководел и учествувал во изработката и донесување­то на Стратегијата за развој на образованието 2001-2010 и Програмата за технолошки развој 2001-2006. Зборува англиски, француски и руски јазик. Д-р Ненад Новковски е член на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ), член на Европското друштво на физичари (European Physical Society, EPS), член на IEEE (The Insitute of Electrical and Electronics Engineers), член на Американското друштво на физичари (American Physical Society, APS) и активен член на Светската академска асоцијација Платон (World Academy Plato). Во 2005 г., како признание за професионалните постигнувања, добил степен Senior Member на IEEE. Некои од неговите најзначајни научни трудови се: N. Novkovski, Conduction and charge analysis of metal (Al, W and Au)-Ta2O5/SiO2-Si structures,Semicond. Sci. Technol. 21, 945-951 (2006); N. Novkovski and E. Atanassova, A comprehensive model for the I-V characteristics of metal Ta­2O5/SiO2-Si structures, Appl. Phys. A 83, 435-445 (2006); N. Novkovski and E. Atanassova, Origin of the stress-induced leakage currents in Al-Ta2O5/SiO2-Si structures, Appl. Phys. Lett.86, 152104 (2005); N. Novkovski, Breakdown and generation of interface states in oxynitride thin films on silicon, Semicond. Sci. Technol.17, 93-96 (2002);N. Novkovski, M. Dutoit, and J. Solo de Zaldivar, Dielectric breakdown in thin Si oxynitride films produced by rapid thermal processing, Appl. Phys. Lett.56, 2120 (1990). ...