Navigation
 

Д-р Андоновска Невенка - Редовен професор

Родена на 8 април 1945 г. во Велес. Таму, како одличен ученик, ги завршила основ­ното и средното образо­ва­ние. Во 1965/66 г. се запишала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, Група за физика, каде што по четири години дипломирала. По дипло­мирањето, во 1969 г., се вработила на ПМФ како асистент по експери­мен­тална физика. Постдип­лом­ските студии по физичка оптика ги завр­ши­ла во 1978 г. со одбрана на магистерскиот труд Оптич­ки ме­то­ди за следење на дифузионите процеси во теч­ности и ме­ре­ње на нивниот коефициент на дифузуја.Во 1988 г. ја одбранила докторската дисертација под наслов Испитување на дифузионите процеси кај полимерни рас­тво­ри со холографска интерферометрија. Во 1989 г. д-р Невенка Андоновска е избрана за доцент по општа физика на Природно-математичкиот фа­култет во Скопје, а во 1994 г. за вонреден професор по предметите биофизика (за студентите стоматолози) и физи­ка (за студентите од ветеринарна медицина). Изведува настава и по предметите вовед во атомска и нукле­арна физика(за студентите од двопред­метните студии математика-физика) и радијациона физика(за радиолошки технолози). Во 1999 г. е избрана за редовен професор, од кога преда­ва и општа и радијациона физика за студентите од биологија - еколошка насока, а во 2004 е реизбрана во истото звање. Како асистент учествувала во изведувањето на практичните и нумеричките вежби од повеќе предмети за студентите по физика, хемија, математика, биологија, медицина, стома­тологија, фармација и дрвна индустрија. Како долгогодишен соработник во проектот Фундаментални, применети и развојни оп­тич­ки истражувања, чиј раководител бил проф. д-р С. Бахчеванџиев, д-р Невенка Андо­нов­ска се изградила во експериментатор-истражувач од областа на холографската интерфе­ро­метрија. Од оваа област е и најголемиот дел од нејзините научни трудови. Учествувала и во про­ектите: Истражување на макромолекуларни системи со оптички и електрооптички методи, во периодот 19921995 г. и Истражување на кинетички, конформациони и елек­трооптички својства на макромолекуларните системи. Била раководител на научноистражувачкиот проект Молекуларни и макроскопски параметри на биополимери за контролиран пренос на сусптанции и електрично спроводни полимери. Д-р Невенка Андоновска има објавено 37 научни труда, 25 стручни труда и 22 написа во списанието Импулс, автор е на 3 универзитетски учебници и е еден од авторите на 2 средношколски. Учествувала на 27 конгреси и симпозиуми. Во својство на предавач има учествувано на два семинара за наставниците. Учествувала во изработката на термино­лош­киот речник на МАНУ за физика. Постојано се ангажира во изведувањето на републичките натпревари по физика што за средношколските ученици ги организира Друштвото на физичарите на Македонија. Повеќе од 10 години била прет­седател на Комисијата за изведување на републичките натпревари по физика за учени­ците од основните училишта. Заедно со проф. д-р В. Урумов го уредува Информатив­ниот билтен што го издава Друштвото на физичарите на Македонија. Повеќе пати др­жела предавања за популаризација на физиката. Од изборот за доцент е член на Комисијата за прием на нови студенти на студиите за виши рендгенски техничари. Во Друштвото на физичарите на Македонија била член на Извршниот одбор каде што вр­ше­ла секретарска должност и добила признание повелба. Била секретар на Школата млади физичари и на Редакцискиот одбор на списанието Годишен зборник. Била раководител на Заводот за оптика и спектроскопија. Сега е раководител на двопредметните студии математика-физика. Била член на Претседателството на Сојузот на просветните работници на Р. Македонија, каде што била претседател на Комисијата за прашања во врска со професионал­ниот кодекс на просветниот работник. ...