Navigation
 

Д-р Гершановски Доне - Редовен професор

Роден на 18 март 1949 г., с. Покрвеник, Ресенско. Основно образование завршил во с. Царев Двор во 1964, гимназија во Ресен во 1968 г. Во 1973 г. се здобил со високо образо­вание: дипломиран инженер по физика, на Институтот за физика, Природно-математички факул­тет, Скопје. Постдипомски студии завршил во 1981 г. на Институтот за физика на ПМФ, со одбрана на магистер­скиот труд:Расејување на светлинатаод раствори наTobacco Moсaic Virus”. Во 1985 г. на Институтот за физика, ПМФ, Скопје, ја одбранил докторската дисертација под наслов:Испитување на катјонски комп­лекси на ДНК со оптички и електро­оптички методи. Во 1974 г. е избран за асистент на Институтот за физи­ка при ПМФ, Скопје, во 1986 г. за доцент, во 1991 г. е избран за вонреден професор, а во 1996 г. за редо­вен про­фе­сор на Институтот за физика. Во 2001 г. е преизбран во звањето редовен професор. Држел настава по пред­метите: атом­ска физика, оптикаи нуклеарна физика со физика на елементар­ните честици (за студентите по физика), биофизика за студентите на Медицинскиот факул­тет, општа фотографија за студен­тите од Високата школа за рендген - техно­ло­зи. Одржувал настава на постдипломските студии по физичка оптика. Глав­ни подрачја на научен интерес му сеоптика и електрооптика и јонизирачки зрачења. Се занимавал и со дозиметрија и заштита, и со физика на честиците. Досега има објавено 43 научни и 47 стручни трудови од кои во списанија надвор од Македонија 9. Најзначајни објавени научни трудови D. Gersanovski, C. Houssier, P. Colson, Terbium as a probe of Nucleic acid structure, Bioch. Bioph. Acta, Elsev. Sc. Publ,00, 313-323 (1985); D. Gersa­novski T. Anovski, L. Cvetanovska, Contribution to determination of content of Uranium and Thorium in ore samples from Allchar (Macedonia), N. Jb. Miner. Mh. Abh. Stuttgart,167,409-412 (1994); D. Gersanovski, T. Delipetrov, Uranium contents in rock samples from Allchar and Podares Mines (Macedonia),Physica Mecedonica, 50, 97-102 (2000) ; А. Atevic, D. Gersanovski, Positron Anihilation spectroscopy (PALS). The effect of crosslinking on free volume Size in PMMA,Physica Mecedonica, 51, 35-42 (2001); D. Gersanovski, R. Jacimovic, Determination of Uranium and Thorium content in some minerals from Mariovo, R. Macedonia) by k0-instrumental neutron act. analysis, Physica Macedonica,51, 43-50 (2001). На научни мани­фестации досега има презентирано (усно или постерски) вкупно 22 научни труда, од кои надвор од Македонија 11. Автор е на 3 универзитетски учебници и учебни помагала и на 4 средношколски учебници. Бил главен уредник на научното списание Physica Macedonicaод 2001 до 2003г., член на Издавачкиот совет на научното списание Билтен на Друштвото на физичарите на Р. Македонија. Раководел со 5 научноистражувачки проекти, од кои 3 биле меѓународни, а бил учесник уште на два меѓу­народни и на еден домашен проект. Професорот Гершановски престојувал шест месеци во 1983 г. на Универзитетот во Лиеж (Белгија); во 1984 г. еден месец во Институтот за медицински истражувања во Загреб; во 1984 г. две недели на Меѓународната школа за биофизика во Купари (Хрватска); во 1985 г. еден месец во Меѓуна­родниот институт затеориска физика во Трст (Италија); во 1987 г. две недели на Физичкиот факултет при Универзитетот во Софија (Бугарија). Во 1988 г. имал двонеделен престој на Физичкиот институт при Јагиелонскиот универзитет во Краков, Р. Полска; во 1998, петдневен престој во ISA Institute for Storage Ring Facilities, University of Aarhus, (Danmark); во1998 г., десетдневен студиски престој наUniversite Catholique de Louvain, Faculte de sciences, Departement de Physique, Louvain-la Neuve; во 2000 г. едномесечен студиски престојвоDepartement de Physique, Universite de Caen, Basse -Normandie, иво 2003 еден месец во Меѓународниот институт за теориска физика во Трст, Италија. Професорот Гершановски бил раководител на Заводот за оптика и спектроскопија при Институтот за физика, раководител на Институтот за физика, ПМФ, од 1999 до 2001 г., а во периодот од 1995 до 1997 г. бил продекан на Природно-математичкиот факултет. Бил член на Претседателството на Републичкиот синдикат на работниците од образованието, науката и култу­рата, претседател на Универ­зит­етската синдикална организација (1986-90); член на Државната коми­сија за заштита од јонизирачки зрачења; член на Меѓународниот одбор на ТЕСЛА - акцелераторски систем, Винча, Белград (1998-2000), и претседател наШколата млади физичари при Институтот за физика.Поседува активно знае­ње на францускиот и на англискиот јазик, пасивно на рускиот јазик. ...