Navigation
 

Д-р Митреска Зора - Редовен професор (во пензија)

Родена на 1 октомври 1948 г. во Ракитница, Демир Хисар. Основно и средно образование завршила во Скопје. Во учебната 1966/67 г. се запишала на Природно - математичкиот факултет во Скопје, Група физика, на која дипломирала во октомври 1970 г., завршувајќи ги истовремено применетата и наставната насока. За асистент на Институтот за физика на ПМФ во Скопје била примена на 1.3.1971 г. Во учебната 1972/73 г. престојувала на Калифорнискиот државен универзитет во Чико, САД, каде што ја одбранила магистерската работа: A study of self absorption within a linear source of gamma radiation”.Докторската дисертација: Трансфор­мација на астигматични ласерски снопови од основен и повисок мод со помош на препреки со еднодимензионална периодичност,ја одбранила на 25.5.1990 г. на ПМФ, под ментор­ство на проф. д-р Љиљана Јаниќијевиќ. За доцент по предметот физика за студиите по математика е избрана во 1991 г., за вонреден професор во април 1996 г., за редовен во април 2001 г., а преизбрана за редовен професор во февруари 2006 г. Од учебната 1993/94 г. до учебната 2005/2006 г. ја изведувала и настава­та по предметот физика I со практикум за двопредметните студии математика - физика. Во учебната 1990/91 г. држела настава по предметите механика и браново движење и топлина на Педагошката академија во Скопје. Главно подрачје на научен интерес í се дифракцијата и интерференцијата на хомогена и нехомогена ласерска светлина на различни видови оптички елементи. Има објавено 34 научни трудови во земјата и 7 во странство, восписанијата: Balkan Physics Letters,Optica Applicata, Optik,Pure and Applied Optics.Во домашни списанија и во списанија за популари­зација на физиката има објавено 26 стручни трудови. Учествувала на 20 конгреси и научни собири во земјата и на 6 во странство. Учествувала во неколку научни проекти од областа на оптиката и унапредувањето на наставата по физика и била раководител на еден проект, од 1.10.2001 до 30.6.2003 г. Главен и одговорен уредник е на списанието Physica Macedonicaод 2003 до денес и секретар на истото списание од 2001 до 2003 г. Била ментор на 14 дипломски работи и член на комисии за одбрана на 60 дипломски работи како и член на комисија за одбрана на една докторска и на една магистерска работа. Била рецензент на научни трудови во домашни списанија, рецензент на универзитетски учебник и на средношколски учебници и автор на еден средношколски учебник. Има издадено скрипти за своите предавања. Ангажирана е и на постдипломските студии за предметитесовремени методи на експериментот во наставата по физика и физички семинар. Од изборот за доцент постојано е член на Комисијата за квалификациони испити за прием на нови студенти, претседател на Комисијата за самоевалуација на Институтот за физика од 2001 до 2005 г. и многу други комисии на ПМФ. Три години била секретар на Школата млади физичари и учествувала нејзината работа на летните сесии во својство на предавач. Одржала повеќе популарни предавања од физиката во средните училишта во Македонија и предавања на семинари за наставниците по физика. Учествувала и во изработката на терминолошкиот речник за физика (во рамките на МАНУ). Во работата на Друштвото на физичарите на Република Македонија учествувала како секретар во два мандата, а, потоа како член на Извршниот одбор, претседател на Комисијата за задачи на натпревари по физика за основно и за средно образование, секретар на Билтенот на Сојузот на физичарите на СРМ итн., за што има добиено признание од Друштвото - повелба. Активно го владее англискиот јазик, а пасивно рускиот и францускиот. ...