Navigation
 

Доктор Мицевски Васил - Редовен професор (во пензија)

Роден на 23 ноември 1941 г. во с. Негрево, општина Берово. По завршувањето на гим­назијата, ди­пло­мирал на Катедрата по физи­ка на Природно-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје (1964 г.). По дип­ло­мирањето три години работел како професор по физика во гимна­зијата во Свети Николе. Во учебната 1968/69 г. е из­бран за асистент по физика на Електро-ма­шин­скиот фа­култет во Скопје. Во учеб­ната 1969/70 г. се запишал на постдипломски студии по физи­ка, насока физичка оптика. Магистри­рал во 1974 г. со тема на магистерскиот труд Ин­тер­фе­рен­циони филтри. Во јуни 1979 г., на Факулте­тот за физика во Скопје, одлично ја одбра­нил своја­та докторска дисертација Оптимализација на оп­тич­ките ка­рактеристики на индук­ционите филтри.Во 1980 г. е из­бран за доцент по општа физика при Институтот за физика на Природно-матема­тич­киот факултет во Скопје, во 1985 г. за вонреден професор по истиот предмет, а во 1992 г. е избран за редовен професор по предметот атомска и нукле­арна физика. Во текот на својата работа како асистент (а подоцна и како наставник) проф. В. Ми­цевски работел со студентите од повеќе факултети: Електро-машински­от, Техно­ло­шко-мета­луршкиот, Природно-математичкиот, Шумарски­от, Стоматолошкиот и други. Бил ангажи­ран во изве­дува­њето на наставата на постдипломските студии од областа на физичката оптика и сончевата енергија.Во 1973 г. осум месеци специјализирал во Институтот за тенки слоеви во Марсеј, рабо­тејќи врз проблематика на примена на тенките слоеви во оптиката. Неговата научна актив­ност е од областа на оптиката на тенките слоеви и високотемпературната суперспровод­ли­вост. Тој е основач на лабораторијата за истражу­вање на електричните својства на високо­тем­пературните супер­спро­водници. Учествувал во повеќе научно­истра­жу­вачки проекти од областа на оптиката, преку Заводот за техничка соработка на Скопје со САД, учествувал во меѓународниот проект "Деградација на огледала", како и во два проекта од областа на висо­котемпературната суперспроводливост (на еден бил раководител). Проф. В. Мицевски има публикувано 61 научен труд во списанија во земјата и во странство, и 22 стручни труда. Тој е автор на учебното помагало Збирка на решени задачи по физика, издадено од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, на 3 средношколски учебници и на 6 учебни помагала. Учествувал во работата на повеќе домашни и меѓународни научни собири, и тоа: на конгреси на СДМФАЈ, на повеќе југословенски симпозиуми за кондензирана материја, во работата на 4 конференции на Балканското физичко друштво, на 6 конференции на Друштвото на физичарите на Р. Македонија и други.Ментор е на една докторска дисертација и на три магистерски работи. Проф. В. Мицевски дава придонес и во соработката на нашиот Универзитет со други универзитети, успешно соработувајќи со колеги од универзи­тетите во Краков, Воронеж,Институтот за физика на тврдо тело при Бугарската академија на науките и други.Членувал во Друштвото на математичарите, физичарите и астрономите на Југославија и во Друштвото на физичарите на Македонија. Бил претседател и секретар на Друштвото на физичарите на Македонија. Активно учествувал во работата на Школата млади физичариза популаризација на физиката кај средно­школ­ските ученици. ...