Доктор Јоноска Мирјана - Редовен професор (во пензија)

Роденана 5 март 1938 г. воСкопје. Во 1956 г. завршиласредно образованиекаконајдобарматурантвоГимназијата "ОрцеНиколов" воСкопје. Од 1956 студиралафизиканаПриродно-математичкиотфакултетвоСкопјеидипломиралаво 1960 г. Вотекотнастудиитедвапатибиланаграденазаодличенуспех. Во учебната 1969/70 г. се запишала на постдипломските студии по физичка оптика, и по положувањето на сите испити со оценка 10, во 1972 г. магистрирала со трудот “Муаре фигури на синусоидални мрежички”. Докторирала со трудот “Дифракција на кружни препреки со осно симетрична транспаренција и фаза” (1975). Веднаш по дипломирањето била избрана за асистент на ПМФ, а есента 1961 г. стапила на работа. Како асистент држела вежби по сите експериментални предмети што тогаш се предавале. Од учебната 1968/69 г. ñ била доверена наставата по општа физика за студентите биолози и математичари (подоцна само за математичари) што сè до февруари 1988 г. било нејзино основно задолжение. Оттогаш па сè до пензионирањето (2002 г.), таа го предавала предметот електромагнетизам. Од 1983/84 г. го предавала и предметот средношколско експериментирање - подоцнаметодика на демонстрационите експерименти по физика, а од учебната 1995/96 г. и предметот демонстрациони експерименти за студентите по двопредметните студииматематика-физика. Предавала и физиказа студентите градежници и геодети (три години). Била наставник на постдипломските студии од областа сончана енергија, физичка оптика (муаре- фигури и холографија и нејзина примена), а од учебната 2000/01 и по методика на наставата по физика (физички експеримент и физички семинар). Во 1972 г. била избрана за доцент, во 1978 за вонреден професор, а во 1983 г. во звањето редовен професор (реизбрана во 1991 и во 1997 г.). Била член на комисии за одбрана на 86 дипломски работи, под нејзино менторство се изработени и одбранети 44 дипломски работи, ментор била и на еден магистранд, а учесник во комисија за одбрана на 12 магистерски и на 8 докторски дисертации.Автор е на 3 универзитетски учебници (Електромагнетизам I, Електромагнетизам IIи Демонстрациони експерименти по физика, сите се први за соодветните предмети на Универзитетот) и коавтор на 2 универзитетски практикума. Автор или коавтор е на 6 средношколски учебници, на 2 збирки задачи и 2 на практикума за средно образование и на 1 учебник за основно образование. Била рецензент на повеќе учебници и учебни помагала по физика на сите степени на образованието. Била член на републичките комисии за наставни планови и програми во основните и средните училишта. Коавтор е на публикацијата Ајнштајновата чудесна 1905 година(2005) и автор на публикацијата Никола Тесла - ненадминат гениј(2006). Во 1969 г. престојувала на Sussex University of Brighton (Англија). Едномесечни научни престои имала и на Јагиелонскиот универзитет во Краков, Полска (1977), како и на Универзитетот во Гент - Бегија и Каен - Франција во 1999 г. Научната дејност на М. Јоноска се одвивала главно во областа на физичката оптика (дифракција и интерференција на хомогена и на ласерска светлина). Во последно време се занимава и со истражувања на полето на едукацијата на физиката. Во списанија или во зборници од конференции има објавено 112 научни труда (25 надвор од РМ), како и 54 стручни и 89 научно-популарни публикации. Учесник е во 14 научни проекти работени на Институтот (3 се меѓународни). Била соработник на 2 проекта работени со Јагиелонскиот универзитет во Краков (Полска). Учесник е на 37 научни собири (од кои 9 во странство) со 48 соопштенија, и на голем број стручни собири со соопштенија. Петпозначајни трудови, според сопствен избор се: М. Јоноска, За дифракцијата на синусната зонска мрежичка од Габоров тип,Годишен зборник на Факултетот за физика, Скопје , 27,112-149 (1977); M. Jonoska, On the Diffraction theory of the Sinusoidal Phase Zone plate,Contributions of MANU, Section for Naturel Sciences and Mathematics, Skopje 5, 5-17 (1976); Lj. Janicijevic, M. Jonoska, Transformation of a laser Gaussian beam by Winkelmann-Abbe bi-prism,Optik,75, No.2, 47-53 (1987); Lj. Janicijevic, M. Jonoska The Phase Circular Hologram as a Laser Beam Splitter,Optica Applicata,XXI, No 2 , 123-136, (1991), a и воProceedings SPIE Vol 1574, 167 (1991); M. Jonoska, T.Tufekcieva, Toroidal zone plates, II Conference of the BPU, Izmir, Proceedings supplement of Balkan Physics letters, 2, 1646-1650, (1994). БилапродеканнаФакултетотзафизикаво 1979/80 и во 1980/81 г., раководителнаЗаводотзаоптикаиспектроскопија, раководителнаЗаводотзаметодикаиопштафизика, претседателнаСоветотнаФакултетотзафизика, двамандата членнаУниверзитетскисовет, членнаразникомисииприИнститутот, Факултетот, УЦМТНиУниверзитетот. Биласекретар, потпретседателипретседателнаДруштвотонафизичаритенаМакедонија, тримандатипретседателнаКомисијазарепубличкинатпревари, претседателна Школата млади физичари, членнаНационалниоткомитетзафизиканаСДМФАЈ. БилаглавенуредникнасписаниетоИмпулс, а члененанеговатаРедакцијаоднеговиотпрвброј. ОдржалаголембројпредавањаворазниградовинаРепубликата и учествовалавоповеќерадиоителевизискиемисии.БилапотпретседателнаКомисијатазамерниединицизаСФРЈ. Двамандатабила членнапостојанатаРепубличкакомисијазасредношколскиучебници. БиладелегатнаСИЗзаобразованиезаопшественитеи зауслужнитедејностииделегатнаРепубличкатазаедницазаобразование.НосителенаОрденнатрудотсосребренвенец, нарепубличкакакоинасојузнаповелбанаДруштвотонафизичарите. Зауспешнасоработка, добитникеинаплакета (благодарница) одПедагошкиотзаводнаРМ, какоиодиздавачкатакуќа“Просветнодело”. Во 1997 годинајаимадобиенорепубличкатанаграда“КлиментОхридски”, запридонеснаполетонаобразованието. ...