Navigation
 

Доктор Конеска Смиља - Редовен професор (во пензија)

Родена во 1931 г. во Прилеп. Основното и средното образование ги за­вр­шила во Прилеп. Како истакнат ученик во својата генерација била наградеана од Министерството за просвета на Македо­нија. Во учебната 1949/50 г. се запишала на студии по фи­зи­ка на Филозофскиот факултет во Скопје. Дипломирала во фев­руари 1954 г. Како успешен студент, во текот на сту­ди­ите била ангажирана за демонстратор по физика на Катед­рата по физика. Својата наставна кариера ја започнала уште као апсолвент. Во 1953/54 учебна година била наставник по фи­зика и математика во осум­годишното училиште "Кочо Рацин" во Скопје, а наредната учебна година физика предавала во Учи­тел­ската школа во Скопје. По изборот (во февруари 1955 г.), работела како асистент при Институтот за физика на Природно-математич­киот факултет. Во 1961/62 г. се запишала на постдипломските студии по нуклеарна физика на ПМФ на Универзитетот во Загреб. Магистрирала во мај 1965 г. со труд од областа на нуклеарната физика. Со степенот доктор по физичките науки се здобила во 1979 г. на ПМФ во Скопје, со одбрана на док­торска дисертација од областа на физиката на кондензирана материја под наслов Термодилатациона студија на легурите од системот Sb-Zn”Во учебната 1964/65 г. Институтот í ја довери организацијата на наставата по предметот нукле­арна физиказа студентите физичари од IV г. Во 1965 г. е избрана за доцент, во 1980 г. за вонреден професор, а во 1986 г. за редовен професор. Наставата по нуклеарна физика ја изведувала сè до пензионирањето (1993). Изведувала и настава по современа физика за студентите на насоката метеорологија. Имала шестмесечен престој (1964 г.) на Универзитетот во Копенхаген, тримесечен (1966 г.) во Трст, а учествувала и на меѓународните школи за елементарни честици и ре­ак­торска техника во Херцег Нови. Во последните години од наставната дејност подготвила (заедно со проф. Д. Гер­ша­нов­ски) учебник по нуклеарна физика и учебник за елементарните честици. Таа ја оформи лабораторијата за вежби по предметот нуклеарна физика и го подготви практикумот за вежби по овој предмет. Научноистражувачката активност на проф. С. Конеска главно е од областа на физи­ка­та на кондензирана материја, а е реализирана преку учество во 7 проекти. Резултатите од ис­тражувањата се публикувани во 38 научни и стручни труда, од кои 29 во списанија во Македонија, а другите во интернаци­онални списанија. Проф. С. Конеска учествувала на 10 научни собири со 13 соопштенија. Остварила повеќегодишна научна соработка со Физичкиот институт на Јагиелонскиот универ­зитет во Краков. Била член на Сојузната комисија за заштита од јони­зи­рачки зрачења, а активна била и во Сојузниот завод за мерки и драгоцени метали. Член е на Друштвото на физичарите на Р. Македонија и на Друштвото за заштита од јо­низирачки зрачења. Била декан на Факултетот за физика во мандатниот период 19811983 г. Во знак на признание за придонесот во развојот на наставната и научната работа од областа на физиката на ПМФ, во 1996 г. ñ е доделена плакета на Универзитетот и плакета на ПМФ. Признание í е оддадено и од Друштвото на физичарите на Р. Македонија со повелбите по повод 30 и 40-годишниот јубилеј на Друштвото (1980 и 1990 г.). ...