Navigation
 

Доктор Петковски Љубо - Редовен професор (во пензија)

Роден на 14 јули 1939 г. во с. Живојно, - Битолско. Основно училиште учел во родното место, во с. Бач и во с. Велушта и го завршил со одличен успех. Учителска шко­ла завршил во Битола во 1958/59 г., исто така со одличен успех. Учителствувал во с. Џепиште, - Дебар­ско и во с. Црнец, Битол­ско. На Природно-математичкиот фа­кул­тет во Скопје, Група физика, се запишал во учебната 1960/61 г., а дипломирал во 1964 г. со среден успех 8,63. На постдипломски студии на Групата за физика на цврсто тело се запишал во учебната 1969/70 г., а маги­стрирал (со одличен успех) на 11. 3. 1972 г. со магистерската работа Испитување на коефициентот на термоелектромоторната сила на легурите од системот олово-бизмут во врска со дијаграмот на состојба.” Докторската дисертација Електричен отпор и коефициент на термоелектромоторната сила на легурите од системотBi-Pb” ја одбранил со одличен успех на 3.7.1975 г. на ПМФ во Скопје. На 1. 9. 1964 г. бил вработен како професор во Гимназијата во Битола. Вед­­наш по дипломи­рањето (на 10. 10. 1964 г.) бил примен за асистент на Институтот за физика при ПМФ во Скопје. Во учебната 1973/74 г., како асистент, изведувал настава по атомска физика. Во 1974 г. е избран за преда­вач по истиот предмет, а во 1976 г. за доцент. На 14. 5. 1981 г. е избран за вонреден професор по предметите општа физика I (механика) и општа физика II (молекуларна физика) за студентите на прва година. Во декември 1986 е избран за редовен професор по предметите механика и молекуларна физика, а во декември 1992 г. е преизбран во истото звање. Од учебната 1995/96 г., покрај наставата по меха­ни­ка и молекуларна физика, одржувал настава и по предметот методика на наставата по физика со хоспита­цииза студентите на двопредметните четиригодишни студии по математика и физика на ПМФ. Пензиониран е на 1. 10. 2003 г. Покрај атомска физика, две години (1977/78 г. и 1978/79 г.) изведувал настава по физика и за студентите на прва година на Градежниот факултет во Скопје. Во учебната 1991/92 г. изведувал настава по физика по предме­тите: 1) механика и 2) браново движење и топлина за студентите на прва година на Педагошката академија во Скопје. Во учебната 1992/93 г. изведувал настава по предметите: физика I (за кој напишал интерна скрипта и практикум за вежби) и физика II (напишал практикум за вежби) за студентите на двопредметните четири­годишни студии на Групата математика-физика, кои за прв пат беа отворени на ПМФ во Скопје. Како асистент на Физичкиот институт на ПМФ изведувал вежби по предметите:физика I и физика II, оптика, средношколско експеримен­тирање, општа физиказа медицинари, стоматолози, технолози, што се изведувале на ПМФ, а изведувал и вежби по физика за студентите од Електро­техничкиот факултет во Скопје. Главно подрачје на научен интерес му е физиката на кондензирана материја: термичките, електричните и термоелектричните својства на метали и легури, добиени на конвенционален начин и на синтерувани легури. Други подрачја на научен интерес: дидактика и методика на наставата по природни науки (природознание) во основновното образование, а посебно методиката на наставата по физика во основното и во средното образование. Од 1975 г. со соопштенија уче­ствувал на повеќе конгреси на СДМФАЈ, на пове­ќе југословенски симпозиуми за физика на кондензираната ма­те­рија, на неколку меѓународни научни конференции (во Измир - Турција,1994 г., Севилја - Шпанија, 1996 г., 3rd General conference of the Balkan Physical Union,2-5 September,1997 Cuij-Napoca, Romania; во Велико Трново - Бугарија), како и на Првата конференција на физичарите на Македонија, септември 1996 г. во Охрид (со прегледно предавање). Има објавено повеќе од 100 научни и стручни трудови, главно печатени во списанија во Република Македонија. Трудовите од областа на металите и легурите се објавени во Билтенот на СДФ на СРМ и во Годишен зборник на Факултетот за физика, а се цитирани во реферативни журнали за физика и металургија (на руски јазик). Трудовите кои се однесуваат на дидактичко-методичката проблематика се објавувани во Билтенот на СДФ на Македонија и во педагошките списанија и зборници, посветени на таа проблематика, во Р. Македонија. Иако секој од објавените трудови има свое значење, споменати се само неколку: М. Ристов и Љ. Петковски: Еден метод за мерење на коефициентот на ТЕС, Билтен на ДМФ од СРМ, 19, 35 (1968); Љ. Петковски: Перитектичката реакција кај легурите од системот бизмут-олово, Годишен зборник на Факулте­тот за физика, Универзит. центар за мат.-техн. науки, Скопје, 29, стр. 87, (1980). Овој труд е дел од докторската дисертација, објавена во 1975 г., а е цитиран во списанието: Извести® Академии наук СССР, Металли, т. 3стр. 93-98, (1982); В. Gucev and Lj. Petkovski: Electical Resistivity and Thermoelectric Power of Bi1-x Sbx Alloys, Macedonian Academy of Science and Arts, XII Yugoslav Symosium on the Physics of Condensed Matter, Skopje, p. 115 -120 (1992); Lj. Petkovski and V. Lazarov: Transformation Behaviour of Near Equiatomic TiNi Prepared by Power Metalurgy,J. Phys., IV France 7(1997), Colloque C5, Supplement au Journal de Physique III de novembre (1997); Љубо А. Петковски: Природно-научно образование за професионална подготовка на учителите за работа со учениците во првите четири одделенија во основното училиштево Зборникот на трудови, Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје, Педагошки факултет "Св. Климент Охридски" Скопје Воспитно-образовните функции на предучи­лишното и основното образование во современите услови, Научен собир - Струга, 14-16 октомври 2004 г., Скопје, стр. 117-127 (2005). Објавил два универзитетски учебника:1) Општа физика - механика, Универзитет "Св. Кирил и Методиј", Скопје (1997).; 2) Методика на решавање задачи по физика - механика", Универзитет "Св. Крил и Методиј" ПМФ, Скопје, (2002). Автор/коавтор е на 7 средношколски учебници и помагала. Учествувал во изработката на терминолошкиот речник за физика.Како коавтор на наставни програми по физи­ка, како рецензент на учебници и како автор на учебници по физика се залагал за воведување на референтен сис­тем, за примена на векторите и на координатниот начин на опишување на движењето на телата. Бил претсе­дател на Редакцискиот одбор на Билтенот на СДФ на Македонија. Бил член на Редакцијата на списанието Импулс. Бил уредник на АПСТРАКТИ 23-25 1991 Скопје, XII југословенски симпозиум по физика на кондензирана материја, чии организатори беа: МАНУ, ПМФ, Институтот за физика, Скопје, и СДФ на Република Македонија. Бил раководител на два научни проекта: Механички, електрични и термоелектрични својства на синтерувани легури (од 1. 1. 1991 до 31. 7. 1993 г.) и Испитување на синтерувани легури со еквиатомски состав на титан и никел (1. 1. 1995 - 31. 7. 1997 г.). Учествувал во реализацијата на повеќе научни проекти. Бил ментор на дваесетина дипломски работи. Прв (со помош на проф. д-р Зафир Стојанов) набавил апаратура за вежби по атомска физика и подготвил упатства. Ментор е на една магистерска работа. Бил неколку пати член на комисии за одбрана на магистерски и на докторски дисертации. Повеќе пати бил избиран за член на комисии за подобност на докторски дисертации. Бил член на Претседателството на просветните работници на Република Македонија, претседател на Синдикална организација на ПМФ, потпретседател на Работничкиот совет на ПМФ, раководител на Заводот за методика и општа физика, шеф на Институтот за физика на ПМФ. Бил член на Комисија за предлагање кандидати за одликување (ордени). Бил прв претседател на Сојузот на друштвата на физичарите на Македонија. Се служи со руски јазик, француски јазик и со англиски јазик. Добитник е на повеќе награди и признанија: 1. повелба од Сојузот на друштвата на математичарите, физичарите и астрономите на Југославија за заслужен член, а во знак на признание за долгогодишното учество во работата на Сојузот, Нови Сад, 21. декември 1979 г. 2. повелба за заслужен член на Сојузот на друштвата на физичарите и Сојузот на друштвата на математичарите на СР Македонија, во знак на признание за долгогодишно учество во работата на Друштвото на математичарите и физичарите на СРМ, Скопје, 26 април 1980; 3. признание од Сојузот на друштвата на физичарите на СРМ за особен придонес во развојот и унапредувањето на наставата и на научната работа од областа на физиката во СР Македонија; 4. благодарница од работната организација за издавање на учебници и наставни средства "Просветно дело" - Скопје, како признание за долгогодишната успешна работа и за соработката во унапредувањето на учебникарската издавачка дејност; 5. повелба од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, по повод пензионирањето, а во знак на признание за придонес во развојот и унапредувањето на наставно-образовната и научната дејност на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. ...