Navigation
 

Доктор Стефов Виктор - Вонреден професор

Роден на 29 јули 1961 г. во Ташкент (Узбекистан, пора­не­шен СССР). Средно училиште завршил во Скопје (ХУЦ "Марија Кири-Скло­довска"), во 1980 г. Истата година се запишал на студии по хемија на Хемискиот фа­кул­тет во Скопје. Под менторство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов дипломирал на Институтот за чиста и применета физичка хемија во 1984 г. како најдобар студент во својата генерација. Во 1986/87 г. се запишал на постдипломски студии на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1992 г. со одбрана на трудот "Инфра­црве­ни спектри и спектар-струк­тур­ни корелации на некои аквахлоро комплекси", под менторство на проф. д-р Бојан Шоптрајанов. Докторската дисертација со наслов: "Вибрациони спектри на комплексни халогениди" ја одбра­нил во 1997 г. на Институтот за хемија, Природно-математички факултет, Универзитет Кирил и Методиј, Репуб­лика Македонија. Во 1986 г. е примен како приправник на Институтот за хемија при Природно-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје. Наредната година е избран за помлад асистент. По магис­три­рањето, во 1993 г., е избран за асистент, во 1996 г. е преизбран во истото звање, а во 1993 г. за асистент на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Држел вежби по предметите: различни практикуми по физичка хемија за студенти на хемија, биологија и фармација, кристалохемија, методи за определување на молекулски структури. За доцент е избран во 1998 г., а за вонреден професор во 2003 г. Држи настава по предметите: одбрани поглавја од физич­ка хемија, методи за определува­ње на молекулски структури и извори и користење на хемиски инфор­ма­ции. Главно подрачје на неговиот научен интерес еструктурната хемија и молекулска спектроскопија, додека другите подрачја на научен интерес вклучуваат неорганска синтеза, заштита на животната средина и сл. Активно ги владее англискиот и рускиот јазик. Проф. Стефов досега има објавено вкупно 59 трудови, од кои во списанија надвор од Македонија се објавени 44 (во списанија со импакт фактор 37 трудови, во зборници на трудови 2 труда), а во списанија во Македонија 15 трудови. Подолу се дадени неколку од најзначајните тру­до­ви, според сопствен избор, но и според цитираноста во SCI. Инаку, трудовите на проф. Стефов се цитирани во 141 труд во списанија опфатени во SCI. Освен тоа, тој бил и рецензент на 5 трудови во странски и 1 труд во домашно научно списание. Позначајни објавени трудови на проф. Стефов се: S. Nyburg, B. Šoptrajanov, V. Stefov,V. M. Petruševski, Dicesiumtrans-tetraaquadichlorochromium(III) chloride: redeter­mi­nationofthecrystalstructureandinfraredstudyofthewaterspectrum,Inorg. Chem., 36, 2248-2251 (1997); Karamanceva, V. Stefov, B. Šoptrajanov, G. Danev, E. Spasova, J. Assa, FT-IRspectroscopyandmicroscopyofvacuum-evaporatedpolyimidethinfilms, Vib. Spectrosc., 19, 369-374 (1999); V. Stefov, Lj. Pejov, B. Šoptrajanov, TheinfluenceofN-H..hydrogenbon­dingontheanharmonisityofthe(N-H) modeandorientationaldynamicsofnearlycontinuouslysolvatedindole, J. Mol. Struct., 555, 363-373 (2000); V. Stefov, B. Šoptrajanov, I. Kuzmanovski, H. D. Lutz, B. Engelen, Infraredandramanspec­traofmagne­si­umammo­niumphosphatehexahydrate (struvite) anditsiso­mor­phousanalogues. III. Spectraofpro­ti­a­tedandpartiallydeuteratedmagnesiumammoniumphos­p­hatehexahydrate, J. Mol. Struct., 752, 60-67 (2005); G. V. Yukhnevich, E. G. Tarakanova, V. Stefov, Theeffectofdivalentcationsonthevibrationalpropertiesofthewatermole­cu­leincrystalhydrates, J. Optic. Technol., 72, 423-425 (2005). Проф. Стефов учествувал и на повеќе науч­ни мани­фес­тации со 103 усни соопштени­ја и постерски презентации на резултатите од научноистражувач­ка­та работа. Од нив 71 труд се презентирани на меѓународни собири, а останатите во Македонија, кадешто бил поканет и како пленарен и како секциски предавач. Исто така, тој бил член на научен или Органи­за­ци­о­нен одбор на 3 на­учни конференции. Тој е коавтор и на 6 патенти, а активно учествувал во реализацијата на 29 научно­истра­жу­вачки проекти, од кои 8 меѓународни (во 3 како раководител) и 21 домашен (2 како рако­водител). Коавтор е на 1 универ­зи­тет­ски учебник (реиздаден),а бил ментор на 8 дипломски работи. Ментор е на еден кандидат за докторска дисертација и на еден кандидат за магистерска работа. Бил член во комисии за одбрана на ма­гис­­тер­ски и докторски дисертации. Остварил повеќе престои на странски универзитети, и тоа во три наврати на Одделот за хемија и физика на King’sCollege, Лондон, Англија (во 1993, 1994, 1996 г.); на Ин­ститутот за неорганска хемија при Руската академија на науките, Москва, Руска Федерација (1999); на Хемискиот факултет, Софија, Бугарија (1997), на Институтот за неорганска хемија, Универзитет во Зиген, Герма­ни­ја (2000, 2002) и при JICA центарот, Токио, Јапонија (2005). Бил раководител на Заводот за физичка хемија при Институтот за хемија, а членувал и во повеќе институтски и факултетски комисии. Во периодот од 2003 до 2005 г. раководел со Секторот за наука при Министерството за образование и наука, а од 2005 г. е прет­се­дател на Советот за научноистражувачка дејност при Министерството за образование и наука. Во изминатиот период, по покана, на многу собири во Европа и Јапонија ја презентирал состојбата и резултатите од науч­но­ис­тражувачката дејност во Македонија. Тој е национален координатор за програмата COST (Coo­pe­ra­tioninScienceandTechnologyofEurope) и национален субкоординатор за JRC(European - JointResearchCentres). ...