Navigation
 

Доктор Јовевска Лилјана - Вонреден професор (во пензија)

Родена на 12 октом­ври 1937 г. во Смедерево. Средно образование заврши­ла во Скопје (Гимназија "Јосип Броз Тито"). Во 1956 г. се за­пи­шала на студии по хемија на Филозоф­скиот факултет во Скопје. Дипломирала во 1961 г. на Природно-математич­киот факултет во Скопје. Во 1973 г. се запишала на постдипломски студии на Хе­­мис­киот институт при Природно-ма­те­­матичкиот факултет во Скопје, насока за органска хе­мија. Магистрирала на Хе­мискиот факултет во Скопје во 1982 г., под мен­тор­ство на проф. д-р Мирослава Јанчевска-Нико­лов­ска, бранејќи ја те­за­та "Синтеза на некои деривати на p-ами­но­сали­цил­ната ки­селина. Докторската дисертација Син­те­за и испитување на својствата на некои амиди и тиоамиди на изомерни и супституирани хидроксибензо­еви киселини" (работена пов­торно под мен­торство на проф. Мирослава Јанчевска-Николовска) ја одбранила на Природ­но-мате­ма­тичкиот фа­кул­тет во Скопје, во 1990 г. Во 1962 г. е примена на работа како асистент на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Повеќепати е преизбирана во ова зва­ње, сè до 1991 г. кога е избрана за доцент, а потоа и за вонреден професор (1996 г.) на Природно-мате­ма­тичкиот факул­тет во Скопје. Пензионирана е во октомври 2003 г. Предава хемија на хетероцикличните соединенија и хемија на природните произ­води (за студентите од препаративната насока на групата хемија), како и одбрани пог­лавја од органската хемија (за студентите од биохемиско-физиолошката насока). На постдипломските студии е задолжена за изведување настава по предметот нови синтези во органската хемија. Работи во областа на органската синтеза. Досега објавила 16 трудови (еден во ме­ѓу­на­родно списание и 15 во зборници на трудови). Од 20 соопштенија на конгреси и совету­вања, три се презентирани на интернационални собири, 5 на нацио­нални собири надвор од Ма­ке­донија и 12 на собири одржани во Македонија. Учест­ву­вала во изработката на шест на­учно­ис­тра­жувачки проекти. Во текот на два мандата (19911993 и 19931995 г.) била раководител на Заводот за ор­ган­ска хемија и биохемија. ...