Navigation
 

Доктор Клисарова Љиљана - Вонреден професор (во пензија)

Родена на 24 јули 1939 г. во Скопје. Средно образование (Гимназија "Цве­тан Ди­мов) завршила во Скопје. Во учебната 1958/59 г. се запи­ша­ла на студии по хемија на Природно-мате­матичкиот фа­кул­тет во Скопје. Дипломирала во 1962 г. Во 1973/74 г. се запи­ша­ла на постдипломски студии на насоката за неорганска и ана­литичка хемија на При­родно-матема­тич­киот факул­тет во Скопје. Магистри­ра­ла на Хемискиот фа­кул­тет во Скоп­је во 1979 г., под мен­торство на вишиот предавач Александар Николов­ски, бра­нејќи ја тезата "Екстракција и спектро­мет­риско опре­­де­лување на талиум(III) со калиум бис(2 хидрокси­про­­пил)ди­тио­кар­­бамат. Во 1984 г. докторирала, исто така на Хемис­ки­от факултет во Скоп­је, под менторство на проф. д-р Марија Лазаревиќ (насловот на доктор­ска­та дисер­тација е "Синтеза и испитување на коорди­национи со­единенија на некои преодни метали со хидразински деривати на 3,4,5-триме­токсибен­зо­е­ва­­та кисе­ли­на). По дипломирањето, во периодот 19621971 г., работела во Одде­ле­ни­ето за тех­нич­ка кон­тро­ла на Рудници и железарница Скопје. Во 1971 г. е избрана за асистент на Хе­мис­киот инсти­тут при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На Хемискиот факул­тет во Скопје неколку пати е преизбирана во истото звање. Во 1987 г. е избрана за доцент, а во 1992 г. за вонреден професор а во 1997 г. за редовен професор на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факул­тет во Скопје. Изве­дувала настава по органска хемија за студентите по хемија и органска хемија за студентите по фар­ма­ци­ја. Изведува и настава на постдипломските студии по хемија (органска стерео­хемија и хетероциклична хемија со хемија на природни производи), како и на постдипломските студии по фармација (одбрани поглавја од органска хемија и органска стереохе­мија). Во првите десетина години од работата на Универзитетот се зани­ма­вала со истра­жу­вања во областа на инструменталната аналитичка хемија (спектрофотомет­риски опреде­лу­вања). Потоа интензивно се зафатила со проблемите на органската синтеза (посебо следење на реакции на протонирање на ароилхидразони), изолација на биолошки активни супстанци и идентифи­кација на добиените производи, како и со следење на антибактериската активност на различни органски супстанци. Во 1999 г. преминува со работа на Фар­ма­цев­тскиот факултет во Скопје. Во пензија заминува во октомври 2002 г. Има вкупно објавено и презентирано над 10 трудови од кои за време на работењето на Институтот за хемија при ПМФ објавила 26 труда (9 во интер­нацио­нални списанија, 5 во национални списа­нија надвор од РМ и 12 трудови се печатени во списанија од Македонија) а презентирала 48 соопштенија (4 на интернационални собири, 23 на национални собири одржани надвор од РМ и 21 на национални собири одржани во Р Македонија). Учествувала во изработката на 11 научни проекти. Нејзини позначајни 5 труда се: Lj. Klisarova, M. Lazarević, SynthesisandpropertiesofcoordinationcompoundsofCo(II)andNi(II) withhydrazonederivatives, CroaticaChemicaActa, 61, 137145 (1988); Lj. Klisarova, M. Lazarević, SynthesisandpropertiesofcoordinationcompoundsofCo(II) andNi(II) with 3,4,5-trimetho­xybenz­oyl­hyd­ra­zine, CroaticaChemicaActa, 61, 147153 (1988); K. Goračinova, Lj. Klisarova, A. Simov, Physicalcharacterizationanddissolutionpro­­per­tiesofverapimil·HClcoprecipitates, DrugsDevelopmentandIndustrialPhar­ma­cy, 21, 383391 (1995); E. Popovski, Lj. Kli­sa­ro­va, D. Vikić-Topić, Simplemethodforbenzami­do­methylationofphenolsinwatersolution, SyntheticCom­mu­ni­ca­tions,29, 34513458 (1999); E. Popovski, Lj. Klisarova, D. Vikic-Topic, Benzamidomethylationwith (benza­mi­do­methyl)tri­ethyl­am­moniumchloride. 2. Asimplemethodforbenzami­do­methyla­tionofthiols, aminesandcarboxylicacids, Molecules, 5, 927936 (2000). ...