Navigation
 

Доктор Поповски Емил - Доцент

Роден во Скопје, каде што го завршил основното и средното образование. На Хемис­киот факултет во Скопје се запишал во 1983 г. и по завршувањето на вое­ната обврска во 1984 г., почнал редовно да ги посетува предавањата. Дипломирал во 1989 г. Во 1990 г. се запишал на постдипломски студии на Институтот за хемија, насока - препаративна орг­анска хемија. Во 1995 г., на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, го одбранил својот магистерски труд под наслов "Синтеза и примена на некои (бенз­амидо­­метил)­три­етил­амо­ниум хлориди како реа­генси за бенз­амидо­метили­ра­ње" и се стекнал со научниот степен магистер на хемиски науки. Докторската дисертација под наслов "Бензами­до­ме­ти­лирање на различни типови соеди­не­ни­ја" ја одбранил во 2002 г. на Ин­ститут за хемија, ПМФ, Унуверзитет "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Во 1990 г. бил примен на работа (на определено време од три години) како стручен соработник на Заводот за органска хемија и биохемија при Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. По исте­ку­ва­ње­то на трите години, во 1993 г., бил избран за помлад асистент. Во 1996 г. е избран за асистент во Заводот за органска хемија и биохемија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет - Скопје. Во 2002 г. е избран во звањето доцент на Институтот за хемија при Природно-ма­те­ма­тич­киот факултет, Скопје. До изборот за доцент, држел вежби од предметите: органска хемија за студенти од Институтот за хемија, органска хемија за студенти од Фармацевтскиот факултет, биохемија за студенти од Институтот за хемија, одбрани поглавја од органска хемија за студенти од Институтот за хемија, медицинска хемија за студенти од Медицинскиот факултет. Наставата по предметите органска хемија за биохемичари и хемија на хетеро­цик­лич­ни соединенија ја изведува по изборот во звањето доцент. Најголем дел од науч­но­ис­тра­жу­вач­ка­та активност му е од областа на органската хемија и органските синтези. Досега објавил 16 научни трудови, а 18 трудови презентирал на различни научни собири и манифестации. Неговите тру­дови се 4 пати цитирани во SCI. Бил ментор-коментор на научноистражувачка работа на повеќе студенти кои своите трудовите ги презентирале на студентски конгреси. Покрај ова, бил ментор-коментор на два­е­се­ти­на дипломски работи. За попу­ла­ри­за­ци­ја на хемијата подготвувал поголем број на ученици од основното и сред­ното образование за натпревари по хемија. Повеќе пати престојувал на Факултетот за хемија и минерологија при универзитетот во Лајпциг (Германија), а изградил соработка и со Катедрата по хемија на При­родно-математичкиот факултет при универзитетот "Неофил Рилски" во Благоевград (Бугарија) како и со Бу­гарската академија на науките. Во моментот е актуелен шеф на Институтот за хемија со мандат до октомври 2007 г.