Navigation
 

Доктор Трајковска Вера - Доцент

Родена на 10 април 1957 г. во Скопје. Средно учи­лиш­те (ХУЦ "Марија Кири-Склодовска") завршила во Скопје како првенец на генерацијата и во учебната 1976/77 г. се запи­шала на студии по хемија на Хемискиот факултет во Скопје. Дипломирала на Институтот за чиста и применета неорганска хемија на Хемис­киот факултет во 1981 г., под менторство на проф. д-р Методија Димески. Била најдобар студент во својата генерација и еден од трите нај­добри студенти по хемија во исто­ри­ја­та на студиите по хемија на Скопскиот универзитет. На Природно-математичкиот факултет во 1993 г. ја одбра­нила магистерската теза под наслов "Тио­цијанатни јон-селективни електроди приготвување, испиту­ва­ње на свој­ства­­та и при­мена", под менторство на проф. д-р Круме Калајџиевски. Докторската дисер­та­ција, со наслов "Разработка на HPLC методи за определување на пестициди и нивни резидуи во различни матрици", ја одбранила во 2003 г. на Институтот за хемија при ПМФ-Скопје. Од 1983 до1987 г. работела како про­ек­тант во развојниот центар на "Металски завод Тито". Во 1987 г. е примена како приправник на Инсти­ту­тот за хемија при Природно-ма­те­матичкиот факултет во Скопје. Наредната година е избрана за помлад асистент. Во ова звање е преизбрана во 1991 г. а за асистент е избрана во 1994 г. и преизбирана неколку пати. За доцент е избрана во 2005 г. Како асистент била ангажирана со изведување на вежби по аналитичка хемија за студентите од Фармацевтскиот факултет. Подоцна, како асистент, била активно вклучена во изве­ду­ва­ње­то на лабораториските и нуме­рич­ките вежби по предметот аналитичка хемија (квалитативна и квантитативна хемиска анализа), со студентите од следните студиски групи: хемија, фармација, биологија (биохемиско-физиолошка насока) и двопредметни студии по биологија-хемија. Како доцент, на Институтот за хемија при ПМФ-Скопје, ја изведува наставата по предметите хемија и околина за студентите од студиските групи по хемија и двопредметната настава по биологија/хемија, и предметот хемиска контрола на технички материјали за студентите по хемија. Имала два кратки студиски престоја во Будимпешта, Унгарија (1997 г.) и во Софија, Бугарија 2003 г.). Како асистент учествувала во реализацијата на повеќе дипломски работи, од областа на јонометријата и високоефикасната течна хроматографија, придонесувајќи за воведување на младите кадри во научната работа. Нејзината целокупна научна активност може да се подели на две области: едната е поврзана со проблемите за приготвување на јон-селективни електроди и нивната примена во хемиската индус­трија, и од областа на високоефикасната течна хроматографија (HPLC). На домашната и на меѓуна­род­ната научна јавност досега се претставила со вкупно 16 печатени трудови (8 трудови во научни списанија и 8 трудови во зборници на трудови) и 25 презентирани трудови (15 на научни маниестации во странство и 10 на научни ма­ни­фес­тации во Македонија). Учествувала во 4 научноистражувачки проекти (еден меѓународен проект и три домашни проекти). Нејзините трудови се цитирани 9 пати во SCI. Ги познава странските јазици: англиски и фран­цуски. Нејзини позначајни објавени трудови се: K. Kalajdzievski, V. Trajkovska, Newthiocyanate-selectivemembraneelec­trodesbasedonamethylmethacrylatematrix, J. Serb. Chem. Soc., 60, 897-902 (1995); V. Trajkovska, K. Kalaj­dzi­evski, Determinationofthio-cyanateionsinindustrialwastewaterbypreparedthiocyanateion-selectiveelec­trode, AnalyticalLaboratory, 5, 266-269 (1996); V. Trajkovska, S. Petrovska-Jovanović, M. Cvetkovski, Develop­mentandoptimizationofamethodforthedetermi-nationofsimazine, atrazineandpropazineusingsolid-phaseextrac­tionandHPLC/GC, J. Serb. Chem. Soc., 66, 199-204 (2001); V. Trajkovska, S. Pet­rov­ska-Jovanović, OptimizationofHPLCconditi-onsforsimulta­neousdeterminationofcaptan, terbume-tonanddelta­methrin, Bull. Chem. Technol. Macedonia, 21, 193-197 (2002); V. Trajkovska, S. Petrovska-Jovanović, M. Cvet­kov­ski, Solid-phaseextractionandHPLC/DADforthedeterminationofsomepesticidesinwine, AnalyticalLetters, 36, 2291-2302 (2003).