Navigation
 

Доктор Најдоски Методија - Доцент

Роден на 17 април, 1968 г. во Прилеп. Основното и средното обра­зование ги завршил во родното место. Во учебната 1987/88 г. се запишал на студии по хемија препа­ра­тивна насока на Природно-матема­тич­ки­от факултет, кадешто и дипломирал (прв во својата генерација) во 1992 г. На пост­дип­лом­ски сту­дии се запишал во учебната 1993/94 г., а магистерската работа, под наслов: "Пригот­ву­ва­ње и каракте­ри­за­ција на тенки слоеви од сулфиди на бакар и олово и оксиди на цинк и кадмиум" успешно ја одбранил во јуни 1996 г. Своето стручно и академско усовршување го продолжува со работа на докторската дисертација под менторство на проф. Иван Грозданов. Во 2000 г., се здобива со звањето доктор по хемиски науки, откако успешно ја одбранува својата дисертација под наслов: "Хемиски методи за приготвување калциум фосфатни слоеви врз метални супстрати". Веднаш по за­вршувањето на студиите, д-р Методија Најдоски бил за­држан на Институтот за хемија како волонтер и бил вклучен во изведу­вање­то на вежбите, а во 1993 г., е примен на работа како стручен соработник во Заводот за неор­ганска хемија, на Институтот за хемија при Природно-математичкиот фа­култет во Скопје. Во 1996 г., избран е за помлад асис­тент. Истата година, по од­браната на магистерската работа е избран за асис­тент, а во 2002 г., е избран во звањето доцент за предметите: општа и неорганска хемија(за студии по биологија - насока биохемиско-физио­лошка), пре­па­ра­тив­на неорганска хемија (за студии по хемија и корис­тење на хемиска литература (за студиите по хемија). Од самото врабо­ту­ва­ње­, д-р Методија Најдоски одржувал лабораториски вежби од повеќе предмети: методи на хемиско експе­ри­ментирање, основи на неорганската хемија, систематика на елементите, препа­ра­тив­на неорганска хемија, хемија на комплексни соединенија и посебни поглавја од неорганската хемија ‡ за студиите по хемија; медицинска хемија (за сту­ден­тите од Медицинскиот и Стома­то­лошкиот факултет), хемија (за студентите од ИСИЖС и за питомците од Воената академија). Д-р Методија Најдоски е еден од основачите на лабораторијата за хемиско школско екс­периментирање за студен­ти­те од наставната насока на сту­диите по хемија. За одбележување е и неговото учество во поставувањето на минералошката збирка на Институтот за хемија. Досегашната научноистражувачка работа на д-р Методија Најдоски се одвивала во две насоки: препаративна неорганска хемија и истражувања во хемиското образование. Всушност, уште од самото вра­бо­ту­вање, неговата научна работа е насочена кон развивање на хемиски методи за депозиција на неор­ган­ски материјали во форма на тенки слоеви кои најчесто имаат полуспроводнички својства. Во досегашната дејност на истражување д-р Методија Најдоски има објавено вкупно 46 трудови од кои 31 се објавени надвор од Македонија. Од нив 17 се објавени во списанија со импакт фактор, а 14 се објавени во спи­са­нија без импакт фактор од кои позначајни се:M. Najdoski, I. Grozdanov, B. Minceva-Sukarova, Orientedcad­mi­umoxidethinsolidfilms, JournalofMaterialsChemistry, 6, 761-764 (1996); M. Najdoski, I. Grozdanov, S. K. DeyandB. B. Siracevska, Chemicalbathdepositionofmercury(II) sulfidethinlayers, JournalofMaterialsChemistry, 8, 2213-2215 (1998); M. Z. Najdoski, P. Majhi, I. S. Grozdanov,Asimpleche­mi­calmethodforpreparationofhydroxy­apa­titecoatingsonTi6Al4Vsubstrate, JournalofMaterialsScience: MaterialsinMedicine,12, 479-483 (2001); M. Najdoski, V. M. Petruševski, Anovelexperimentforfastandsimpledeterminationoftheoxygencontentofair, JournalofChemicalEducation, 77, 1447-1449(2000); M. Najdoski, Determinationoftheoxygencontentintheair, MicroscaleChemistryExperimentationForAllAges,Eds. M. Hugerat, P. Schwarz, M. Livneh, TheAcademicArabCollegeforEducationinIsrael, Haifa, 2006, 286-291. Вкупниот број на цитираност на трудовите на доцент Најдоски во SCI изнесува 142. Во рамките на научни манифестации презентирал 20 трудови од кои 12 на домашни конгреси, а 8 на странски манифестации. Од оваа активност произлегуваат 6 труда печатени во зборници од конгреси и советувања. Активноста на полето на методиката на хемиското експериментирање се манифестира и преку презентирање на 3 трудови на домашни манифес­та­ции и 8 трудови на странски маниестации од кои два се усно презентирани во рамките на секциски предавања или работилници. Доц. Најдоски во својата актива бележи и предавања на различни едукативни семинари во рамките на два Темпус проекти, како и предавања во организација на Истра­жу­вач­киот центар Петница во Србија и за аудиториум на средношколски ученици и професори. За истак­нување од оваа активност е и поканата на доц. Најдоски во 2006 г. во улога на визитинг професор да одржи 20 часа предавања од областа на методиката на хемиското експериментирање на Иберо-аме­ри­кан­ски­от универзитет во Мексико. Автор е на 2 универзитетски учебника, 4 практикума, една збирка задачи и 2 интерни скрипти. Исто така, тој е автор и на 3 едукативни мулти­ме­ди­јал­ни компакт дискови, како и на 3 епизоди од телеви­зис­ката серија "Во светот на хемиските експерименти" емитирана на прог­ра­ма­та на Македонската телевизија. Бил ментор на еден кандидат за магистерска работа и на 10 кандидати за дипломска работа. Учествувал во реали­за­ци­ја­та на 7 научноистражувачки проекти од кој три се со меѓународно учество. Учествувал и во реализа­ци­ја­та на 3 проекти за развој на образованието во Македонија. Покрај тоа, тој е раководител на програмата: "Методика на хемиското експери­мен­тирање" која е вклу­чена во проектот за модернизација на образованието, а истовремено како акредитиран тренер е вклучен во ката­логот на понудувачи на образовни услуги во истиот проект. Од август 1998 г., до мај 1999 г., д-р Најдоски прес­­­тојувал во Заводот за инженерство на мате­ријали на Држав­­ни­от универзитет на Аризона, САД. Д-р Методија Најдоски оваа година е избран за координатор на сту­дис­ките програми при Институтот за хемија. Тој е член на: Македонско-американската алумни асоцијација и Сојузот на хемичарите и технолозите на Македо­ни­ја. Освен тоа, бил член на Органи­зациониот одбор на III конгрес за чиста и применета хемија на студентите од Ма­ке­до­ни­ја, како и член на Организациониот одбор на IV конгрес за чиста и применета хемија на студен­ти­те од Македонија. Бил член и за комисии на натпреварите по хемија "Наука на младите" за учени­ците од средните училишта орга­ни­зи­рани од страна на Сојузот на клубови на млади техничари и природници на Македонија (1993‡2006), а и член во комисијата за натпре­ва­ри­те по применета хемија за учениците од основ­ни­те училишта (2000‡2006) органи­зи­ран од страна на Сојузот на клубовите на млади техничари и природ­ници на Македонија, како и член на комисијата на натпреварот по хемија “Дејан Димовски” за учениците од основните училишта (2000‡2006) организиран од приватниот колеџ "Јахја Кемал" од Скопје. Бил член и на комисијата за оце­ну­ва­ње на трудови од областа на хемијата и физиката на регионалниот натпревар што се одржа 2005 г., во Софија, Република Бугарија. Доц. Најдоски на 26-та Интернационална изложба на пронајдоци, технички унапредувања, нови производи и тво­рештво на млади Макинова 2006, за иновацијата Образовни комплети за наставата по хемија доби награда за најуспешна иновација од Универ­зитетите во Република Македонија. Оваа година колегата Најдоски е но­ми­ни­ран како експерт за РХБ заштита од Дирекцијата за заштита и спасување во мисијата на Република Македо­ни­ја во НАТО-Брисел. ...