Д-р Марина Стефова - Редовен професор

Родена на 08 мај 1969 г. во Скопје. Во 1984 г. завршила основно, а во 1988 г. средно медицинско училиште во Скопје. Во 1992 г. ги завршила студиите по хемија на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје како најдобар студент на факултетот во својата генерација. Магистерската работа со наслов: Определување на витамин Б12 во фармацевтски препарати со електротермичка атомска апсорпциона спектрометрија и високоефикасна течна хроматографија ја одбранила во 1997 г., а докторската дисертација работена под менторство на проф. Трајче Стафилов, со наслов: "Разра­бот­ка на HPLC методи за идентификација и кванти­фи­ка­ција на фла­во­ноиди во растителни суровини и нивни произ­во­ди" ја одбранила во 2001 г. на Институтот за хемија, Природно-математички факултет, Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Во 1993 г. се вработила како стручен соработник на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје, во 1996 г. е избрана за помлад асистент, а во 1997 г. за асистент на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Држела вежби по предметите: анали­тич­ка хемија, инструментална анализа, хемија и околина, хемиска контрола на технички материјали, извори и користење на хемиски информации. За доцент е избрана во 2003 г. и држи настава по предметите: инструментални анали­тички методи и методика во хемијата со хоспитации. Главно подрачје на нејзиниот научен интерес е фитохемија, хемија на храна, флавоноиди, хроматографски техники, а во другите подрачја на научен интерес спаѓаат фармаколошки анализи, хемија на животната средина и сл. Активно го владее со англискиот јазик. Досега има објавено 27 трудови, од кои во списанија надвор од Македонија се објавени 15 (во списанија со импакт фактор 11 трудови), а во списанија во Македонија 12 трудови. Подолу се дадени неколку од најзначајните трудови, според сопствен избор. Инаку, трудовите на доцент Стефова се цитирани 35 пати во списанија опфатени во базата ScienceCitationIndex. Меѓу позначајните трудови на д-р Стефова се: M. Stefova, T. Stafilov, K. Stojanoski, B. Čepreganova-Krstić, Deter­mi­­na­tionofvitaminB12inmultivitamintabletsbyhighper­for­manceliquidchromatography, Anal. Lett.30, 2723-2731 (1997); M. Stefova, S. Kulevanova, T. Stafilov, Assayofflavonolsandquan­ti­fi­ca­­tionofquer­ce­tininmedicinalplantsbyHPLCwithUV-diodearraydetection, J. Liq. Chrom. & Rel. Technol., 24, 2283-2292 (2001); D. Zendelovska, T. Stafilov, M. Stefova, Optimizationofasolid-phaseextractionmethodfordeterminationofindapamideinbiolo­gicalfluidsusinghigh-performanceliquidchromato­graphy, J. Chromatogr. B., 788, 199-206 (2003); M. Stefova, V. Ivanova, I. Mura­tov­ska, Identificationandquantificationofbis-GMAandTEG-DMAreleasedfromdentalmaterialsbyHPLC, J. Liq. Chrom. & Rel. Technol., 28, 289-295 (2005); N. Ristovska, M. Stefova, F. Anastasova, RP-HPLCmethodforsimultane­ousdeterminationofthiobenzanilideanditsoxidationproducts: monitoringtheoxidationofthiobenzanilidewithJones'reagent, J. Liq. Chrom. & Rel. Technol., 28, 2391-2401 (2005). Коавтор е на делот за анализа на флавоноиди со високоефикасна течна хромато­графија во Encyc­lo­pe­diaofChro­matography(J. Cazes, Ed.), MarcelDekker, Inc., (2003). Учествувала и на повеќе научни манифестации со 31 соопштени­е на резултатите од научно­истра­жу­вач­ката работа, од кои 19 трудови се презентирани на меѓународни собири. Исто така, таа била член на Научен или Организационен одбор на 2 научни конференции организирани од Сојузот на хемичарите и техно­ло­зите на Македонија. Од 2006 г. е член на Уредувачкиот одбор на списанието Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија. Коавтор е на 1 универзитетски учебник,а била ментор на 20 дипломски работи, како и на 3 кандидати за магистерска работа. Активно учес­тву­вала во реализацијата на 6 научно­истра­жувачки проекти, од кои во еден меѓународен како раководител. ...


http://hemija.pmf.ukim.edu.mk/teachers/view/114