Navigation
 

Д-р Слоботка Алексовска - Доцент

Родена на 1 август 1960 г. во Скоп­је. Во Скопје завршила и средно образование (средно хемиско училиште "Марија Кири-Скло­довска"), во 1978 г. Истата година се запишала на студии по хемија на Хемискиот факултет во Скопје. Дипломирала во 1983 г. на Институтот за чиста и применета органска хемија, под менторство на проф. д-р Марија Лазаревиќ. На постдипломски студии отпрвин се запишала на насоката за органска хемија на Хемискиот факултет, а подоцна се префрлила на студии на насоката за неорганска хемија на Природно-математичкиот факултет. Магистрирала во 1992 г. (ментор е проф. д-р Вера Јордановска), со одбрана на тезата "Двојни сулфати на некои дво­ва­лентни преодни мета­ли со супститу­ирани амониум катјони синтеза, иденти­фикација и струк­тур­ни коре­ла­ции". Докторската дисертација под наслов: "Структурни корелации кај изоморфни и изоструктурни серии" ја одбранила во 1999 г., на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје. Од почетокот на септември 1986 г. била примена како приправник пом­лад асистент на работа на Заводот за општа и неорганска хемија на Инсти­тутот за хемија при ПМФ. Приправничкиот стаж го завршила со успех, па така во 1988 г. била избрана за помлад асистент на Институтот за хемија. По магистрирањето (во 1993 г.) е избрана за асистента во 1996 г. преизбрана е во истото звање. Во звањето доцент била избрана во 1999, а во звањето вонреден професор во 2004. Нас­тав­ни­те обврски на проф. Алексовска се многубројни. Изведувала нумерички и лабораториски вежби по повеќе предмети за студентите по хемија) и лабораториски вежби по општа хе­мија за студентите биолози и за сту­дентите на интердисциплинарните студии за заштита при работа, како и медицинска хемија за студентите на медицина и стоматологија. Од изборот во доцент досега, држела настав по следниве предмети: методика на наставата по хемија со хоспитации за двопредметните студии по биологија-хемија, медицинска хемија за групата на стручни медицински сестри и општа хемија и неорганска хемија за биолози (наставна и еколошка насока). Главното подрачје на научен интерес на д-р Слоботка Алексовска се структурните корелации кај изоморфни и изоструктурни серии од неоргански соединенија, со примена на методите на повеќекратна линеарна регресија и вештачки невронски мрежи. Во постдно време работи на вакви изучувања кај различни серии перовскити, синтези на некои перовскити и испитување на нивните својства. Таа се занимавала и со синтези на двојни сулфати на предони метали со различни органски катјони, како и синтези на комплексни соединенија. Во еден период од нејзината работа учествувала во опреде­лу­ва­ње на олово во различни минерали од рудникот Алшар со атомска апсорпциона спектрометрија. По нејзиниот избор за наставник по предметот методика на наставата по хемија со хоспитации за двопредметните студии по биологија-хемија се занимава и со развој на методиката во хемијата. Досега објавила вкупно 31 научен труд. Надвор од Македонија објавила 18 трудови, од кои 17 во списанија со импакт фактор. Во Македонија објавила 13 трудови. Од вкупниот број трудови, во Зборници на трудови надвор од Македонија објавила 1 труд, а во Зборници од Македонија 5. Според ScienceCitationIndex, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Алексовска се цитирани 73пати. Подолу е даден список на пет најзначајни публикации: S. Aleksovska, S. C. Nyburg, Lj. Pejov, V. Petruševski, - K2SO4 typeisomorphs: predictionofstructuresandrefinementofRb2CrO4, ActaCryst., B54, 115-120 (1998); S. Aleksovska, V. Petruševski, B. Šoptrajanov, Calcu­la­tionofstructuralparametersinisostructuralseries: thekieseritegroup, ActaCryst., B54, 564-568 (1998); S. C. Nyburg, J. W. Steed, S. Aleksovska, V. M. Petrusevski, Struc­tureofthealums. I. Onthesulfategroupdisorderinthe-alums, ActaCryst., B56, 204-209 (2000); I. Kuzmanovski, S. Aleksovska, Optimizationofartificialneuralmetworksforpredictionoftheunitcellpara­metersinorthorombicperovskites. Comparisonwithmultiplelinearregression, ChemometricsandIntelligentLaboratorySystems, 67, 167-174 (2003); S. Dimitrovska, S. Aleksovska, I. Kuzmanovski, Pre­dictionoftheunitcellparameterofcubicA22+BB′O6perovskitesbymultiplelinearregressionandartificialneuralnetworks, centralEuropeanJournalofChemistry3, 1-18 (2005). Рецензент била на еден научен труд во домашно списание. На раз­лич­ни научни манифестации, таа учествувала со вкупно 43 презентации (усни или постерски), а на три ТЕМПУС семинари учествувала како слушател. Од вкупниот број презентирани трудови 20 се надвор од Македонија од кои едно е секциско и 23 во Македонија, од кои пет се секциски предавања. Во овој период д-р Слоботка Алексовска била автор/коавтор на: 3 интерни практикуми по општа и неорганска хемија; 2 сред­но­школски учебника по хемија; 2 учебника за основното образование; 2 работни тетратки по хемија за основното образование; 1 CD по хемија за III година на средното образование; збирка фолии по хемија за III година на средно образование; преведувач и стручен редактор на Визуелен речник по хемија. Д-р Слоботка Алексовска била член на Уредувачкиот одбор на списанието Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија во периодот од 1993 до 2005. Таа била член на Организациониот одбор на 2 научни манифес­та­ции. Досега била учесник во 9 научноистражувачки проекти. Од нив 2 се меѓународни, а на еден од нив, којшто е во тек, е раководител. Била рако­во­дител и на еден домашен проект. Покрај во научноистра­жу­вач­ки проекти, учеству­ва­ла и во два про­екти за унапре­ду­ва­ње на наставата од кои едниот е ТЕМПУС проект (ImprovementofTeachingQualityinSouthEastEurope). Била ментор на еден кандидат за магистерска работа и ментор на над 20 кандидати за дип­ломски работи. Во јануари 1998 била на студиски престој на King’s College во Лондон. Член е на Сојузот на хе­ми­ча­ри­те и технолозите на Македонија. Во овој период раководител е на Заводот за општа и неор­ган­ска хемија. Таа учествувала во разни комисии на Факултетот, од кои секако треба да се спомне Комисијата за само­е­ва­лу­а­ција на Институтот за хемија. Д-р Слоботка Алексовска го познава англискиот јазик. На ано­ним­на­та анкета што ја спроведе Деканатот на ПМФ меѓу студентите, д-р Слоботка Алексовска беше избрана за најквалитетен наставник на Институтот за хемија и втора на ПМФ, на листата на која беа вклучени и асистентите. ...