Navigation
 

Доктор Петрушевски Владимир - Редовен професор

Роден на 16 септември 1954 во Скопје, кадешто ги завршил основното (1969) и средното (1973) образование. Во учеб­на­та 1973/74 г. се запишал на студии по при­менета хемија, на Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ). Дипломи­рал во 1978 г. на Хемискиот факултет во Скопје. Магистрирал ("Вибра­ци­о­ни спектри на хидратите на некои двојни сулфати и селена­ти", 1988) и докторирал ("Испитување на системи со тетра­едар­­ски и квазитет­рае­дар­ски јони: спек­­тарструк­­турни ко­рела­ции и вибрациони спектри на некои (ЅО4)х(ЅеО4)1-х соеди­не­ни­ја", 1990) на Институтот за хемија при ПМФ, под ментор­ство на акад. Бојан Шоптрајанов. Во 1980 г. бил избран за помлад асистент; во 1989 г. за асистент; во 1991 г. за доцент, во 1996 г. за вонреден и во 2001 г. за редовен професор на ИХ при ПМФ, Скопје. Изве­ду­вал настава по предметите: радиохемија, методи на хемис­кото експери­ментирање (предавања и вежби), методи за определување молекулски структури (држел настава од 1992/93 до учебната 1997/98 г.). На постдипломските студии на Институтот за хемија е одговорен наставник за курсот експериментот во наста­ва­та по хемија. Изведувал и вежби по предметите: физичка хемија 1 и 2, структура на атоми, структура на моле­ку­ли, одбрани поглавја од физичката хемија (за студен­тите од РГФ Штип), од­брани поглавја од физичката хемија (за студентите од биохемиско-физиолошката на­сока на Институтот за биологија при ПМФ), статис­тичка обработка на експери­мен­талните резултати, хемиско школско експери­менти­рање/методи на хемиско експе­риментирање, радиохемија. Главни подрачја на научен интерес на проф. Петрушевски се истражувања во облас­та на образованието по хемија, особено кон методиката на хемиското експери­мен­тирање. Други подрачја на нау­чен интерес: вибрационо-спектроскопски и струк­турни истра­жувања на водород­но сврзани систе­ми; вибрационо-спектроскоп­ски и структурни испитувања на мали молекули со ви­сока симетрија. Проф. Петрушевски објавил вкупно 145 печатени трудови (тука се вклучени и печатените коментари, писма и научно-популарни трудови). Од овој број, 91 труд е печатен во списанија надвор од Македонија (од нив 67 во списанија со импакт фактор), 37 во списанија печатени во Македонија, 13 труда се објавени во зборници на трудови надвор од Македонија и 4 во зборници на трудови од македонски мани­фестации. Пре­зен­­тирал и 94 трудови на научни манифестации. Од ова, надвор од Македонија се пре­зентирани 56 реферати (од нив еден пленарен и два секциски), а во Македонија 38 (од нив еден пленарен). Автор е на голем број компјутерски прог­рами од струката. Негови позначајни публикации се: V. Petruševski, K. Trenčevski, Atensorialapproachtothedescrip­tionofmoleculardistortions. I. Tetrahedralmo­le­cules, CroaticaChemicaActa, 59, 867881 (1986); V. Petruševski, W.F. Sherman, Harmonic frequencies and anharmo­ni­city constants for the anti­sym­met­ric stretching vibra­tions of isomorphously isolated SO4ionsinK2CrO4, JournalofMolecularStructure, 219, 171176 (1990); B. Šoptrajanov, V. M. Petruševski, Vibrationalspectraofhexa­aquacomplexes. IV. MultiplebandsintheHOHbendingre­gionofsomealums, JournalofMolecularStructure, 293, 101104 (1993); V. M. Petruševski, S. Aleksovska, Dependenceofthecrystalstructurepara­metersonthesizeofthestructuralunitsinsomeiso­morphous/isostructuralseries, CroaticaChemicaActa, 72, 7176 (1999); V. M. Petruševski, M. Monković, M. Najdoski, AlternativedemonstrationsofslowprocessesII. Avideoclipofone-dimen­sionalwavesinthehypochlorite–iodide–watersystem, TheChemicalEducator, 9, 3941 (2004). Трудовите на проф. Петрушевски се цитирани вкупно 254 пати. Бил рецензент на дваесетина трудови во странски списанија. Од 2004 г. е и проверувач (checker) на демонстрации за JournalofChemicalEducation. Бил рецен­зент на неколку трудови објавени во домашни списанија. Автор/коавтор е на два универзитетски учеб­ни­ка и на еден патент. Заедно со помл. асист. Марина Стојановска изведувал настава (на англиски јазик) за уче­ни­ците од меѓународна матура (гимнaзија "Ј. Б. Тито") во Скопје. Бил претседател на Научниот одбор на Конгресот на хемичарите и техно­ло­зите на Маке­до­нија, одржан во 2002 г., во Скопје. Член е на Уредувачките одбори на новооформените научни списанија: WorldJour­nalofChemistry, (http://www.idosi.org/wjc/wjcmembers.htm) и GlobalJournalofMolecularSciences. Учествувал во изработката на голем број научно-истражувачки проекти. На шест од нив (од кои 3 меѓународни) бил и раководител. Во момен­тов конкурира на проект чија цел се различни истражувања во образованието по хемија. Бил ментор на 5 докторанди, 3 магистранди и на голем број дипломци. Остварил кратки студиски престои на KemijskiInštitutBorisKidrič, Ljubljana (1980); King’sCollege, London (1988, 1992, 1994, 1995, 1997, 2001); GeorgeMasonUni­versity, Fairfax, USA (2004). Бил раководител на Заводот за физичка хемија (19951997) и декан на ПМФ (19971999). Бил или е член на: Техничкиот комитет на COSTChemistry (20042006); Сове­тот за метрологија на РМ (мај 2005); Советот за развој и финансирање на високото образование (декември 2003); комисијата за изработка на правна рамка за научноистражувачка дејност (мартјуни 2006); Советот на Град Скопје (април 2005); прет­седателството на Народна техника на Македонија (20022006); натпре­варувачките комисии по хемија во рамките на движењето Науката на младите (19852003). Прет­седател е на натпрева­рувачките комисии по хемија на олимпијадата "Дејан Димов­ски" (2000) и член на соод­вет­ните комисии за средношколски нат­пре­ва­ри (2002). Одлично го владее англискиот, а солидно (говори и чита) грчкиот јазик. Се служи со стручната литература на речиси сите словенски јазици. Во 2004 год му е доделена диплома за почесен член на Друштвото на физико­хемичарите на Србија. ...