Navigation
 

Доктор Подолешов Бојан - Редовен професор

Роден на 18 јануари 1932 г. во Велес. Средно образование завршил во родното место. Во учебната 1951 се запи­шал на студии по хемија на тогашниот Филозоф­ски факултет во Скопје. Дипло­мирал во 1955 г. Во текот на 1960/61 г. бил на специ­ја­ли­за­ци­ја на Фар­ма­цевтскиот факултет при Универзитетот во Белград, каде што работел на изолација и иден­ти­фи­кација на некои при­родни производи. Докторирал во Белград во 1964 г., бра­нејќи го трудот "Прилог кон изу­чу­ва­ње­то на струк­турата на одделни делови на манила-елеми смола". Во 1957 г. бил избран за асистент на Хемис­ки­от институт. По докто­­ри­­рањето (во 1965 г.) бил избран за доцент по предметот биохемија. Во 1970 г. е избран за вонреден професор, а во 1975 г. за редовен професор. Во 1982 и 1979 г. е пре­из­бран во истото звање. Од 1 октом­ври 1996 г. се наоѓа во пензија. Изведу­вал настава по предметите органска хемија (за хеми­ча­ри) и биохемија (исто така за хемичари). Учествувал и во организирањето и изве­ду­вањето на постдип­лом­ските сту­дии по органска хемија каде што изведувал настава по пред­ме­тот ор­ган­­ска стереохемија. Бил раководител на Заводот по органска хемија и биохемија при Хемискиот институт на ПМФ во Скопје. Научно­истра­жувачката работа му е од областа на синтезата на органски соеди­ненија. Посебен научен интерес му претставувале оксидационите реакции во орган­ската хемија и изо­лацијата и идентификацијата на природни производи. Бил раководител и учесник во неколку научноистражувачки проекти. Објавил повеќе од 40 труда. Дваесет труда се објавени во меѓународни списанија од кои седум во спи­санија со фактор на влијание. Според ScienceCitationIndex, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Подолешов се цитирани 17пати. За неговата работа во 1987 г. му е доделена Наградата "13 Ноември". ...