Navigation
 

Доктор Алексиќ Василка - Редовен професор (во пензија)

...

Родена на 30 ноем­ври 1938 г. во Прилеп. Средното образование го завр­шила во Прилеп и во Скопје. Во учебната 1956/57 г. се запишала на студии на групата за хемија при Филозоф­скиот факултет во Скопје. Дипломирала на Природно-математичкиот фа­кул­тет во Скопје во 1961 г., како првенец на својата генерација и наедно како студент што најбрзо ги завршил сту­ди­и­те (три години и седум месеци) во историјата на високо­школ­ската настава по хемија. Докторирала во 1974 г. на Природно-ма­те­матичкиот факултет во Скопје со одбрана на тезата "Студии во редот на N-супституирани тио­­ами­ди прилог кон изу­­чу­­вањето на реактивоспо­собноста на тиоамид­ната гру­па, под мен­тор­ство на проф. д-р Мирослава Јанчев­ска-Нико­лов­ска. По дипломирањето, работела во електро­хе­мискиот ком­бинат Биљана во Скопје. Во 1963 г. е примена за асис­тент на Хемис­ки­от институт при Природно-математич­киот фа­кул­­тет во Скопје и во ова звање е пре­из­бирана неколку пати. Набрзо по докторирањето (1975 г.) е избрана за доцент на Природно-математичкиот фа­култет во Скопје. Во 1982 г. е избрана за вонреден професор на Хемис­киот факултет во Скопје, а во 1987 за редовен про­фесор на Природно-мате­матичкиот факултет во Скопје. Во пензија заминува во октомври 2001 г. Во периодот откако е првпат избрана за наставник, проф. Алексиќ држела настава по повеќе предмети: хемија за студентите од Градежниот фа­кул­тет, хемија за студентите од Шумарскиот факултет, неорганска хемија за студентите од Фарма­цевт­скиот факултет, неор­ганска хемија I и II за студен­тите по хемија и неорганска хемија и хемиска техно­логија за сту­дентите на групата биологија-хемија. Држела настава и по предметот хемија на Вишата тех­ничко-технолошка школа во Врање. Научната работа на проф. Алексиќ е од областа на органската синтеза. Од вкупно 41 печатен труд два се печатени во меѓународни списанија, 18 во списанија во Република македонија а 21 во зборници од научни собири во и надвор од Република Македонија. Презентирала и 40 соопште­нија (3 на интернационални собири, 5 на национални собири надвор од РМ и 20 на нацио­нални собири во РМ). Напишала едно учебно помагало за полагање на ква­ли­­фи­ка­циони испити и три учебника за средно образование. Напишала едно учебно помагало за полагање на ква­ли­­фи­ка­циони испити и три учебници за средно образование. Проф. Алексиќ има напишано (заедно со проф. Јорданоски) и учебник по неорганска хемија за студентите од Шумарскиот факултет во Скопје. Учествувала во изработката на 6 научноистражувачки проекти. Била продекан за настава и наука на Хемискиот факултет (19791981) и раково­дител на Заводот за неорганска хемија (19891991).Учествувала во изработката на 6 научноистражувачки проекти. Била продекан за настава и наука на Хемискиот факултет (19791981) и раково­дител на Заводот за неорганска хемија (19891991).