Navigation
 

Доктор Здравковски Зоран - Редовен професор

Роден на 16 март 1953 г. во Белград. Основно образование завршил во Скопје и во Бејрут, Либан (седмо и осмо одделение), а сред­­но образование завршил во Скопје и во САД (четврта година). Средно образование стекнал во Скопје (во гимназијата Јосип Броз Тито) и во Фармингтон (САД). Во учеб­ната 1971/72 г., се запишал на студии по применета хе­мија на При­род­но-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје. Дипло­мирал во 1975 г. како најдобар студент во својата гене­ра­­­ц­и­ја. Наредната година се запишал на постдипломски сту­дии на Хемискиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1982 г. под менторство на проф. д-р Бојан Подолешов, бранејќи ја темата "Изолација и идентификација на кисели и базни ком­поненти од видови Aristolochia. Во 1984/85 г. бил на студиски престој на Fakultetazanaravoslovjeintehnologijo во Љубљана, каде што работел на проблеми од својата идна док­торска дисертација. Докторирал во 1989 г., на Универ­зи­тетот Едвард Кардељ во Љубљана (ментор на трудот бил проф. д-р Марко Зупан), бранејќи го трудот "Uticajstrukurevisokomolekularnihjedinjenjanatrans­formacijeorganskihmolekula”. Во периодот 19921994 г. бил на постдокторски престој на Универзитетот во Њу Ор­леанс, САД. Во 1976 г. е примен за стажант на Институтот за чиста и применета неорганска хе­ми­ја на Хемискиот факултет. Наредната (1977) година е избран за помлад асистент. По магис­трирањето е избран за асистент. Во ова звање е преизбиран до 1991 г. кога станува доцент на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 1996 г. е избран за вонреден про­фе­­сор, во 2000 е избран во звањето редовен професор, а во 2006 презибран во истото звање. Во периодот 1993–1994 г. бил на научно усовршување на Универзитетот во Њу Орлеанс, САД. За време на овој сту­дис­ки престој Зоран Здравковски ос­тварил забележлива научноистражувачка активност од која произлегле голем број научни трудови објавени во врвни меѓународни списанија. Зоран Здравковски бил ангажиран во изведување на наставата на додипломски и постдипломски студии по следниве предмети:информатика при­ме­не­та во хемијата (за хемичари), хемија на преодни елементи (за хемичари), препаративна неорганска хемија (за хеми­ча­ри), примена на компјутери (за студентите по биологија-хемија), медицинска хемија (за медицинари), органска хемија со органска технологија (за студентите по биологија-хемија), додека за на постдипломските студии изведу­вал настава по: компјутери во хемијата, хроматографски методи (гасна хромато­гра­фија) и органски синтези.Треба да се истакне дека студентите од Медицинскиот факултет кои ја следеле неговата настава по меди­цин­ска хемија повеќепати го прогласувале за професор кој им оставил најсилен впечаток со своите пре­да­ва­ња и организација на наставата.Бил ангажиран и во други активности како: генерален секретар на Сојузот на хеми­ча­ри­те и технолозите на Македонија, регионален уредник на Molecules, Интернет јоурнал, од 1997 г. е член на AmericanChemicalSociety, бил долгогодишен член на Коми­си­ја­та за квалификациони испити на Медицински факул­тет, член е на повеќе комисии за одбрана на магис­тер­ски работи и докторски дисертации, рецензент на учеб­ници (Просветно дело, ПМФ), научни трудови (Molecules, JournalofChemicalEducation, Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонски фармацевтски билтен) научни и развојни проекти (Министерство за образование и наука на Р. Македонија, Минис­тeарство науке и заштите животне средине, Србија и Црна Гора) итн., член на стручен тим за изгот­ву­ва­ње на наставни програми за гимназиското образование, член на Комисијата за меѓународна соработка на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", член на Комисијата за издавачка дејност на ПМФ, член на работното тело на Компјутерскиот центар на ПМФ, иницијатор за издавање на е-Билтен, електронски информатор на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија итн. Научно­истра­жу­вачката и педагошката дејност на проф. Здравковски опфа­ќаат навистина широк спектар од активности, почнувајќи од изолација на природни про­дукти, преку синтези на органски супстанци, и сè до примена на компјутери за науч­­нообразовни цели. Објавил повеќе од 40 трудови во интернационални списанија и тоа со највисоки импакт фактори од областа на органската хемија како што се: JournalofOrganicChemistry, JournalofChemicalSociety, PerkinTransactions. 2, JournalofHeterocyclicChemistry, JournalofPhysicalOrganicChemistry, TetrahdronAsym­met­ryитн. Во продол­же­ние се наведени некои од тие трудови: B. S. Jursic, Z. Zdravkovski, TheoreticalStudyofethyleneandvinylalcoholadditionto 1,4-dioxa-1,3-butadiene, J. Org. Chem.59, 7732-7736 (1994); B. S. Jursic, Z. Zdravkovski, DFTStudyoftheDiels-Alderreactionsbetweenethylenewithbuta-1,3-dieneandcyclopentadiene, J. Chem. Soc., PerkinTrans.2, 1223-1226 (1995); B. S. Jursic, Z. Zdravkovski, S. L. Whittenburg, AbinitiostudyofthelowreactivityofthiopheneinDiels-Alderreactionswithcarbondienophiles, J. Phys. Org. Chem., 8, 753-760 (1995); Z. Zdrav­kovski,Theo­re­ticalstudyoftheDiels-Alderreactionofbenzenewithfluorinateddienophiles, J. Mol. Struct. (Theochem), 684, 99-102 (2004); A. Nestorovska-Krsteska, Z. Zdravkovski, Theoreticalstudyofthediastereofacialisomersofaldrinanddieldrin, Int. J. Mol. Sci.7, 35-46 (2006). Според ScienceCitationIndex, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Здравковски се цитирани 475пати. Автор е на две книги, а исто така превел или учествувал во преводот на други две: Номенклатура на органската хемија, според правилата на IUPAC (2003), Excel низ примери од хемијата и сродните науки, (2003); Номенклатура на органската хемија, Секции А, Б и Ц (1986) и Принципи на хемиската номенклатура, Вовед во правилата на IUPAC(2005). ...