Navigation
 

Доктор Спиревска Илинка - Редовен професор (во пензија)

Родена на 15 јули 1940 г. во с. Велмевси, Кичево. Основното образование го започнала во родното место, го про­должила во Охрид, а го завршила во Дебар во 1956 г. Средното образование го завршила во Скопје во Гимназијата "Јосип Броз Тито" во 1960 г. Во учебната 1960/61 г. се запишала на Техничкиот факултет, технолошки оддел во Скопје. Дипломирала во јуни 1965 г. Насловот на дипломската работа, које е израбитена под менторство на проф. д-р Александар Гризо, е "Пресување на фенол­фор­мал­дехидни смоли". Во текот на првата година од студиите била наградена како најдобар студент на генерацијата. Постдип­ломските студии ги завршила во јуни 1976 г. на Катедрата за инстру­мен­тал­на анализа на Природно-математичкиот факултет, на Универзитетот во Београд. Насловот на магистерската работа е "Ispitivanjeuslovaodredjivanjapaladijuma(II) uacetatnompuferu" и е изработена под мен­тор­ство на проф. д-р Вилим Вајганд. Докторската дисертација со наслов "Polarografskoponašanjenezasićenihdikarbonskihkiselina",под менторство на проф. д-р Владимир Рекалиќ, ја одбранила во 1982 г. на Технолошко-металуршкиот фа­кул­тет, на Универзитетот во Београд. По дипломирањето во 1965 г. се вработила во фаб­ри­ка­та "Раде Кончар" - погон Скопје, како технолог за преработка на пластични маси. За асистент е избрана во 1967 г. на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, на Заводот за аналитичка и неорганска хемија. Со рефор­мски­те зафати на Универзитетот во 1977 г. преминла како асистент на Хемискиот факул­тет, а во 1984 г. е избрана за доцент. Во звањето вонреден професор по група предмети од областа на аналитичка хемија на Институтот за хемија на ПМФ, Скопје е избрана во 1989 г., а во звањето редовен професор во 1994 г. Преиз­бра­на во истото звање е во 2000 г. Пензионирана е во октомври 2005 г. Како асистент изведувала лабо­ра­то­риски и нумерички вежби по предметите аналитичка хемија за студентите од ТМФ и за студентите од Фарма­цев­тскиот факултет. Учествувала во воведувањето на семимикро ква­ли­та­тив­на анализа за чии потреби е издаден и практикум, на кој е коавтор. Како наставник изведу­вала настава по предметите на додип­лом­ски студии на групата хемија (електронски мерни инструменти, анализа на технич­ки материјали I, анализа на технички материјали II, хемиска контрола на технички материјали, аналитика на животна средина и хемија и околина) и на двопредметните студии по биологија-хемија (хемија и околина). Со оглед на тоа што повеќето од настав­ни­те дисциплини се воведени за прв пат на студиите, ги оформила предавањата и вежбите. За пред­ме­ти­те хемија и околина издала учебник и подготвила упатства за вежби, а за предметот хемиска контрола на тех­нич­ки материјали подготвила интерна скрипта. Од почетокот на избо­рот во доцент учес­тву­ва­ла во изве­ду­ва­ње на настава на постдипломските студии на хемија по предметите: електронски мерни инструменти во хемијата, хемиски аспекти на екологијата (хемија на животната средина) и анализа на траги. За предметот анализа на траги коавтор е на учебник. Научноистражувачката работа на проф. Илинка Спиревска е, главно, од областа на аналитичката хемија и хемијата на животната средина. Потес­на област на нејзиниот научен интерес е разработка на инструментални аналитички методи (елек­тро­ана­литички, спектро­скоп­ски, хрома­то­граф­ски) за определување на траги на елементи и органски соединенија во различни произ­во­ди. Во текот на изминатиот период има објавено 62 труда од кои во странскии списанија 20, во зборници на трудови 12, во домашни списанија 23 и во зборници на трудови 7. Презентирала 112 сооп­ште­нија на научни манифестации одржа­ни во земјата (44) и надвор од неа (68). Според ScienceCitationIndex, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Спиревска се цитирани 21 пат. Учествувала и во изработката на 17 научноис­тра­жу­вачки проекти, од кои на 3 била раководител. Позначајните трудови на проф. Спиревска се: I. Spirevska, V. Rekalić, Polarographicbehaviourofcisandtransdicarboxylicacidsinphosphatebuffer, GlasnikHem. DruštvaBeograd, 49, 45-56 (1984); L. Šoptrajanova, I. Spirevska, S. Petrovska-Jovanović, K. Stojanova, DeterminationoftraceofmetalsinwinesfromMacedonia, FreseniusJ. Anal. Chem., 362, 425-247 (1998); I. Spirevska, L. Šoptra­ja­no­va, R. Gulabovski, Square-wavevoltam­metricmethodfordeterminationofaconiticacid, Anal. Lett., 33, 919-926 (2000); K. Jankovska, L. Šoptrajanova, I. Spirevska, Protonationofmeleicandfumaricacidinaqueoussulfuricacidsolutions, J. Serb. Chem. Soc., 65, 695-708 (2000); R. Gulabovski, I. Spirevska, L. Šoptrajanova, R. Slavevska, Square-wavevol­tam­­metricmethodfordeterminationoffumaricandmaleicacid - determinationoffumaricacidinwine, Anal. Lett., 34, 1719-1731 (2001). Под нејзино менторство се изработени и одбранети 8 семинарски работи и 17 дип­лом­ски работи. Била мен­тор и на 2 магистерски работи и една докторска дисертација. Била член во рецензентски комисии за оцен­ка и одбрана на повеќе диполмски, специјалистички (2), магистерски работи (14) и докторски дисертации (11). Автор, односно коавтор е на 3 универзитетски учебници и учебни пома­га­ла, коавтор е и на 2 сред­­но­школски учебници, кои се издадени во по четири изданија и преведени на албански јазик. Проф. д-р Илинка Спиревска била рецензент на 8 трудови објавени во домаш­ни спианија, како и на повеќе апликации и извештаи од научноистражувачки проекти. Била секретар на Друштвото на хемичарите и технолозите на Ин­сти­ту­тот за хемија и е член на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, како и на Македонското еко­лош­ко друштво. Учествувала во работата како член на организациониот или Научниот одбор на две меѓу­на­родни манифестации и една југословенска манифестација Била член на Организационен или Научен одбор на шест републички манифестации. Била член на Уредувачкиот одбор на издвач­ката куќа "Просветно Дело" од Скопје. Била член на повеќе комисии и тела во рамките на факултетот, а на една комисија била прет­се­да­тел, Била член на Универзитетската комисија за соработка со странство (2001/05). Била двапати раководител на Заводот за аналитичка хемија (1991-1993 и 2001-2002) и на двопредметните студии по биологија-хемија ( 2003-2004 г.). Проф. Илинка Спиревска престојувала 6 месеци на Природно-ма­те­ма­тич­киот факултете во Белград во текот на 1970 г.Го владее англискиот јазик, а се служи со стручна литература на руски и германски јазик.