Navigation
 

Доктор Грозданов Иван - Редовен професор

Роден на 19 ноември 1950 г. во Радовиш. Средно училиште (Гимназија "Орце Николов) завршил во Скопје. Во учебната 1969/70 г. се запишал на студии по при­ме­нета хемија на Природно-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје. Дипломирал во 1974 г. Во учеб­ната 1975/76 г. се запишал на постдипломски студии на Хемискиот институт при Природно-математичкиот факул­тет во Скопје, на насоката за неор­ганска и аналитичка хе­мија. Ги положил сите пропишани испи­ти со одличен успех, по што за­минал (19801982 г.) на двегодишен студиски прес­­тој на Државниот универ­зитет во Аризона (САД). По вра­ќа­њето, во 1982 г., на Хемискиот факултет во Скопје, под мен­­тор­ство на проф. д-р Благоја Топузовски, ја одбранил сво­јата магистерска работа "Испитување на комплексите на олово и кад­ми­ум во водни раст­вори од метилкили­бар­на киселина. Во 1986 г. ја одбранил докторската дисер­тација "Испитување на комплексите на оловото и кад­ми­умот во водни раствори од некои метилкарбонски киселини на Природно-матема­тич­­киот факултет во Нови Сад. Од 1991 до 1993 г., како Фулбрајтов стипендист, повторно престојувал на Државниот универ­зитет во Аризона. Во 1975 г. бил избран за помлад асистент на Хемискиот институт на Природно-мате­матич­киот факултет во Скопје. По магистрирањето (1982 г.) бил избран за асистент на Хемискиот факултет во Скопје. За доцент на Природно-математич­киот факултет во Скопје бил избран во 1987 г., во 1992 г. бил избран за вонреден професор во 1997 г. за редовен професор, а во 2002 г. преизбран во истото звање. Во своето досегашно работење на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, одржувал вежби и настава по следниве предмети: општа и неорганска хемија, одбрани делови од неорганска хемија и инструментална хемија, а во моментов одржува настава по следниве предмети: основи на неорганската хемија и систематика на елементите. Главното подрачје на научен интерес му е инженерството на материјали, посебно на тенкослојни материјали од неорганска природа. Досега објавил повеќе од 50 трудови, поголемиот број од нив во списа­ни­ја надвор од Македонија, со значаен импакт фактор. Меѓу позначајните негови објавени трудови се следниве: I. Grozdanov, Depositionofelectricallyconductive, microwaveshieldingandIR-detectinginorganiccoatingsonpolymerfilms, ChemistryLetters, 3, 551-554 (1994); I. Grozdanov, C. K. Barlingay, S. K. Dey, Experimentalstudyofthecopperthiosulfatesystemwithrespecttothin-filmdeposition, ThinSolidFilms, 250, 67-71 (1994); I. Grozdanov, Electroconductivecopperselenidefilmsontransparentpolyestersheets, SyntheticMetals, 63, 213-216 (1994); I. Grozdanov, Asimpleandlow-costtechniqueforelectrolessdepositionofchalcogenidethinfilms, SemiconductingScienceandTechnology, 9, 1234-1242 (1994); I. Grozdanov, C. K. Barlingay, S. K. Dey, Novelapplicationsofche­mi­cal­lydepositedCuxSthinfilms, MaterialsLetters, 23, 181-185 (1995). Вкупниот број на објавени трудови во SCI спи­санија, до август 2006 г., изнесува 37, а бројот на цитати во SCI списанија е 446. Д-р Иван Грозданов рецен­зирал и поголем број научни трудови во странски списанија, меѓу кои се списанијата MaterialsLetters, PhysicsofCondensedMatter и други. На научни собири надвор од Македонија презентирал тритрудови, а во Македонија осум трудови. Д-р Иван Грозданов учествувал во реализацијата на десет научноистражувачки проекти, од кои еден меѓународен, еден американски и осум домашни. Бил раководител на еден меѓународен проект и на три домашни проекти. Во процесот на усовршување на млади научни кадри, д-р Иван Грозданов до сега бил ментор на две докторски дисертации, на две магистерски работи и на двајца специјализанти. Бил ментор и на десетина кандидати за дипломска работа. Како дел од своето стручно усовршување, Д-р Иван Грозданов престојувал на странски универзитети, и тоа: ArizonaStateUniversity, DepartmentofChemistry (1980-1982), ArizonaStateUniversity, DepartmentofChemical, Bio, andMaterialsEngineering (1993-1995). Во својата матична институција бил раководител на Заводот за неорганска хемија во периодот 1991-1992 г. Бил и член на Сенатот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј", во периодот 1998-2000 г. Д-р Иван Грозданов солидно го познава англискиот јазик.