Navigation
 

Доктор Јорданоска Верка - Редовен професор

Родена на 30 октом­ври 1938 г. во с. Ехлоец, Кичевско. Со средно обра­зование се здобила во Скопје (Гимназија "Јосип Броз Тито) и во учеб­ната 1957/58 г. се запишала на студии по хемија на При­родно-матема­тичкиот факултет во Скопје. Дипло­мирала во 1961 г. Во учебната 1973/74 г. се запишала на постдипломски студии на Природно-матема­тички­от факултет во Скопје, насока за неор­ганска и аналитичка хемија. Магистрирала на Хемискиот факултет во Скопје во 1979 г., под менторство на проф. д-р Димче Тошев, бранејќи ја темата "Јонско-изме­нувачка спектрофото­мет­риска метода за опреде­лување микро­количини ванадиум во некои природни води на СР Македонија. Во учебната 1979/80 г. била на сту­дис­ки престој на Fakultetazanaravoslovjeintehnologijo во Љуб­љана, кадешто под рако­водство на проф. д-р Јоже Шиф­тар работела врз својата докторска дисертација. На Универзитетот "Едвард Кардељ" во Љубљана, во 1982 г., ја од­бранила тезата "Dvojnioziromakompleksnisulfatisintezne, strukturneintermo­ana­liznerazis­ka­ve” и се здо­би­ла со академскиот степен доктор на науки. По дипломирањето, од 1961 до 1964 г., работела во фаб­ри­ката Лафома во Скопје како аналитичар. Во 1964 г. е избрана за асистент. Во ова звање е повеќепати преизби­рана, а во 1982 г. (по докторирањето) е избрана за доцент на Хемискиот факул­тет во Скоп­је. За вонреден професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје е избрана во 1988 г., а за редовен професор во 1993 г. Во пензија заминува во октомври 2002 г. Изведувала настава по повеќе предмети: општа хемија (за студентите биолози), органска хемија (за студентите од Педагошката академија), хемија (за студентите од интер­дис­цип­­линар­ните студии за заштита при работа и интердисциплинарните студии за инженерство на животната средина), основи на неорганската хемија и систематика на елементите (за сту­дентите по хемија). На постдипломските студии по хемија и е дове­рено изведување настава по коорди­на­циона хемија. Работи во подрачјата на неорганската, орган­ската и анали­тич­ката хемија, а посебно на структурната хемија и комплек­сни­те сое­ди­ненија. Се зани­ма­ва со синтеза на нови со­един­е­нија, нивна иден­ти­фи­кација и испитување на нив­ните својства. Ги употребува спектро­скоп­ските, дифрак­ционите и термичките методи, како и методот на атомската апсорпциона спектро­метрија. Досега објавила 88 трудви (45 во меѓу­на­род­ни списанија, 6 во нацио­нал­ни списанија печатени надвор од Република Македонија, 26 во нацио­нални списанија издавани во Маке­донија и 3 во зборници на трудови). Од 30 соопштенија на конгреси/сове­ту­ва­ња, 12 се презентирани на интер­на­цио­нални научни собири, 12 на национални собири одр­жани надвор од Македонија и 6 на собири одржани во РМ. Има издадено збирка задачи по општа хемија. Била раково­дител на два и учесник во повеќе научноистражувачки проекти. Според ScienceCitationIndex, објавените резултати од науч­на­та ра­бо­та на про­фе­сор Јордановска се цитирани 145пати. Била рецензент на десетина трудови за интерна­ци­онални списанија. Д-р Јордановска била ментор на две магистерски работи одбранети на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје. Освен студискиот престој на универзитетот во Љубљана, била на четиримесечен студиски престој во Институтот за неорганска хемија во Ерланген, Германија (1982), како и на краток престој на Институтот за хемија во Рим, Италија (1985). Го владее со англискиот и германскиот јазик.

...