Navigation
 

Доктор Димески Методија - Редовен професор (во пензија)

Роден на 24 август 1932 г. во Прилеп, каде што го завршил и средното образо­ва­ние. Во учебната 1950/51 г. се запишал на Фило­зоф­ски­от факултет во Скопје, на групата за хе­мија. Дипломирал во 1956 г. Доктор­ската дисертација "Определување на дитиокарба­ма­ти, ксантогенати и дитио­фосфати со сулфид­на јонселек­тивна електрода ја одбра­нил во 1981 г. на Хемис­ки­от фа­кул­тет во Скопје, под менторство на проф. д-р Димче То­шев. По дипломирањето, работел како професор по хемија во средното аптекарско училиште и во Републичкиот секрета­­ријат за внатрешни работи. Во 1959 г. е примен за асистент на Хемискиот ин­сти­­тут при При­род­но-мате­матичкиот факултет во Скопје. За пре­давач е избран во 1972 г., а за виш предавач во 1975 г. На Хе­мис­киот факултет во Скопје е преизбран за виш пре­давач (1978 г.) и избран за вонреден про­фесор (во 1981 г.). Од 1987 г. е редовен професор на Природно-мате­ма­­­тичкиот факул­тет во Скопје. Пензиониран е во декември 1997 г. Проф. Димески е првиот кој почнал да ги воведува студентите по хемија во сте­хио­метриското сметање. При изборот за наставник му бил доделен курсот по одбра­ни делови од неорганската хемија курс што го држи и денес за студентите од сите насоки на групата хе­мија. Изведува настава и по предметот општа хемија за физичари. Научната работа му е од областа на електроаналитичката хемија. Се занимавал со кон­струкција на јоноселективни електроди. Објавил 29 тру­до­ви во списанија издадени во Република Македонија (од кои 2 во списанија во странство) и презентирал 40 соопштенија, претежно на национални научни собири во Македонија. Автор е на по­веќе учебници и учебни помагала. Неговата скрипта Стехио­мет­риски задачи (1964) и скрип­тата Практикум по квантитативна ана­ли­за (1968) се едни од првите високошколски учебни помагала од областа на хемијата и неколкупати се пре­из­давани. Втората скрипта дополнета и изменета е издадена во 1978 г. под наслов Сте­хиометриски задачи со одговори а потоа е преиздадена повеќе пати. Автор е и на Практи­кум по општа хемија (1995) за студентите по физика, како и на учебникот Органска хемија (1999). Исто така, автор е и на средно­школ­ски учебници по аналитичка хемија: Аналитичка хемија квалитативна анализа и Ана­литичка хемија кван­­титативна анализа (1978). Во 2002 издава уште едно учебно помагало за средните школи под наслов Геометриски атлас. Бил прет­­се­да­тел на Сојузот на хеми­чарите и технолозите на Македонија, во пе­­риодот 19841986 г. Во два ман­да­та (19851987 и 19871989 г.) бил раководител на Заво­дот за не­ор­ганска хемија.