Navigation
 

Доктор Стафилов Трајче - Редовен професор

Роден на 20 октомври 1949 во с. Чемерско, Кава­дар­ци, Основното (1964 г.) и средното (1968 г.) образование ги завршил во Кавадарци. Во учебната 1968/69 г. се запишал на студии по при­менета хемија, на Природно-математичкиот факултет во Скопје (ПМФ). Дипломи­рал во 1972 г. како најдобар студент во генераци­јата. Магистрирал на Инсти­ту­тот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1977 со одбрана на магис­тер­ска­та работа под наслов: "Вибра­ци­о­ни спектри на некои циклични ами­ди и на нивни метални сое­ди­не­ни­ја" под менторство на проф. д-р Иван Петров. Докторирал на Хемискиот факултет во Скопје во 1985 г. со одбрана на докторската дисертација под наслов: "Застапеност на ретки и благородни мета­ли во арсен-антимонската руда од Алшар и можност за нив­­но кон­­­­центрирање" под менторство на проф. д-р Тодор Тодоровски. Во 1974 г. стапил на работа на Природно-математичкиот факултет во Скопје како помлад асистент на Хемискиот институт. Од 1978 до 1985 г. бил раководител на Лабо­рато­ри­јата во ФЕНИ, Кавадарци. Од 1985 до 1988 г. бил научен соработник во Инсти­ту­тот за рудар­ство и металургија (РЖС, Скопје). Во 1988 г. е избран за доцент, во 1993 за вонреден про­фесор а во 1997 за редовен професор на Природно-матема­тич­ки­от факултет во Скопје. На Институтот за хемија е анга­жиран со изведување настава по предметот ин­дус­трисја хемија (за студентите од применета насока, претходно опе­ра­­­ции и процеси во хемиската индустрија) и токсиколошка хемија за студентите од насоката аналитичка биохемија. Две години држел нас­тава по предметот основи на хемиската технологија (1988/89 до 1989/90) и една година по предметот хемиско школско експе­ри­мен­тирање (1991/92). На пост­дип­лом­ските студии на Институтот за хемија е одговорен нас­тав­ник за предметите спек­тро­скоп­ски и радиохемиски анали­тич­ки методи и хемија на животната средина. Како асистент изведувал вежби по предметите: аналитичка хемија за студентите по хемија и медицинска хемија за студентите од Медицинскиот и Стоматолошкиот факул­тет. Главни подрачја на научен интерес на проф. Стафилов се истра­жу­вања во анали­тич­ката хемија а негова посебна специјалност му е атомската ап­­сорп­циона спек­тро­метрија. Освен тоа се занимава и со примена на хроматографските методи за ана­ли­за на траги и со кон­трола во технолошките процеси. Негов посебен интерес е и хемијата на животната средина. Во научноистра­жувачката работа актив­но ја употребувал и ин­фра­црве­ната (и раман­ската) спектро­ско­пија. Проф. Стафилов досега објавил вкупно 244 печатени трудови (од кои 6 прег­­ледни трудови). Од овој број, 144 трудови се печатени во списанија надвор од Маке­до­ни­ја (од нив 79 во списанија со impactfactor, од кои 1 прегледен труд), 50 во списанија печатени во Македонија (од кои 1 прегледен труд), 24 трудови се објавени во збор­ни­ци на трудови надвор од Македонија и 26во зборници на трудови од македонски мани­фес­та­ции. Пре­зен­­тирал и 341 трудови на научни манифестации. Од ова, надвор од Македонија се пре­зентирани 211 реферата (од нив 7 пленарни и 6 секциски), а во Македонија 130 (од нив 3 пленарни и 4 секциски). Негови позначајни публикации се: T. Stafilov, T. Todo­rov­ski, Determinationofgoldinarsenic-anti­mo­nyorebyflamelessatomicabsorptionspectro­met­ry, AtomicSpectroscopy, 8, 12-14 (1987); T. Stafilov, K. Čundeva, Determinationoftotalthalliuminfreshwaterbyelectrothermalatomicabsorptionspectrometryaftercol­loidprecipitateflotation, Talanta, 46, 1321-1328 (1998); T. Stafilov, Determinationoftraceelementsinmineralsbyelec­tro­thermalatomicabsorptionspectrometry, SpectrochimicaActa, PartB, 55, 893-906 (2000); D. Zendelovska, T. Stafilov, M. Stefova, Optimizationofsolid-phaseextrac­tionmethodfordeterminationofindapamideinbio­lo­gicalfluidsusinghigh-performanceliquidchromato­graphy, JournalofChromatorgraphyB, 788, 199-206 (2003); I. Serafimovski, I. Kara­djo­va, T. Stafilov, D. Tsalev, Determinationoftotalarse­­nicandtoxi­co­lo­gi­callyrelevantarsenicspeciesinfishbyusingelec­tro­thermalandhydridegenerationatomicabsor­p­tionspectro­met­ry, MicrochemicalJournal, 83, 55-60 (2006). Според ScienceCitationIndex, објавените резултати од научната ра­бо­та на професор Стафилов се цитирани 614пати. Бил рецензент на 35 трудови во странски списанија и на 10 трудови објавени во домашни списанија. Авторе на 7 учебни универзитетски помагала, на една монографија а автор/коавторе и на три иновации и 7 патенти. Од 2006 г. назначен е за главен уредник на меѓу­народното списание InternationalJournalofAnalyticalChemistry. Од 2005 г. член е на Уредувачкиот одбор на меѓународното списание Interna­tio­nalJournalofPureandAppliedChemistry а во периодот од 2000 до 2003 бил член и на Уредувачкиот одбор на меѓународното списание InternationalJournalofMolecularScien­­ces. Бил главен уредник на списанието Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија во периодот од 2001 до 2005 г. Член на Уредувачкиот одбор на ова спи­са­ние е од 1990 до 2001 а во периодот од 1992 до 1996 г. бил секретар на Одборот. Од 2005 г. е член на Изда­вачкиот совет на ова списание. Член е и на Уреду­вач­ки­от одбор на стручното списаниеХемко. Досега проф. Стафилов бил претседател на Научни/Организациони одбори на 3 научни конференции а бил уредник на 2 зборника на трудови од научни конференции.Учествувал во изработката на 62 научноистражувачки проекти од кои 20 меѓународни (на 5 бил раководител) и на 42 домашни проекти (на 11 како раководител). Рако­во­ди­тел е и на 1 меѓународен проект од областа на уна­пре­ду­вање на образованието. Бил ментор на 10 докто­ранди, 18 магис­тран­ди, 4 специјализанти и на над 80 дипломци. Остварил кратки студиски престои во AppliedResearchLabo­ra­tories, Lozanne, Switzerland (1982), InstituteofNonferrousMetals, Freiburg, Germany (1990), Max-PlankInstituteofNuclearPhysics, Heidelberg, Germany (1991 и 1994), JapanEnvironmentAsses­smentCenter, Tokyo, Japan (1998) и UludagUniversity, FacultyofScience, DepartmentofChe­mistry, Bursa, Turkey (1999). Бил рако­во­ди­тел на лабо­ра­то­­ри­јата во Фени, Кавадарци (19781985), раково­ди­тел на Одделението за хемиско-технолошки испитувања при Институтот за рударство и металургија, Скопје (19861988), раководител на Заводот за физичка хемија (19931995), шеф на Институтот за хемија при ПМФ (1995-1999), раководител на постдип­лом­ски­те студии по хемија на ПМФ (2003). Бил член на Друштвото на хемичарите и технолозите на Кавадарци (негов прет­се­да­тел од 1978 до 1985), секретар на Научниот совет на Институтот за рудар­ство и металургија при Рудници и желзар­ница "Скопје", Скопје (19861988), прет­се­да­тел на Советот на Природно-математички факултет, Скопје (19911993), член на Со­ве­тот на ми­нис­те­рот за животна средина на Република Македонија (19992003), член на натпре­варувачките комисии по аналитичка и еколошка хемија за средношколски натпревари (2000). Во 2004 г. проф. Стафилов е избран за редовен член на AcademyforEnviron­men­talSciences (академија во рамките на Балканската асо­ци­ја­ци­ја за животна средина), а член е и на Сојузот на хемичарите и тех­но­лозите на Маке­до­ни­ја, Американското хемиско друш­тво, Македонското еколошко друштво и Друштвото на медицинските био­хе­ми­ча­ри на Република Маке­донија. Одлично го владее англискиот а се служи со стручната литература на речиси сите словенски јазици. До сега ги има добиено следниве награди и признанија: Златна диплома на 16. YugoslavExhibitionofInventions, TechnicalPromotionsandIn­novations, RASTYU 88, Rijeka (1988), Златна диплома на 2. МАКИНОВА 91 и XII Изложба на технички иновации, Скопје (1991), Патент на годината - 2003 на Република Македонија и Златна диплома на 52ndWorldExhibitionofInno­vationResearchandNewTechnology, Brussels, за патентот: Polymericinhibitorforpick­lingofsteelsheets (2003).