Navigation
 

Магистер Ивановски Владимир - Асистент

Роден на 22 ноември 1972 г. во Курск (Русија). Основното и средното образо­вание ги завршил во Скопје (во 1987 и 1991 г., соодветно) и во учебната 1992/93 г. се запишал на студии по хемија (аналитичко-структурна насока) на Природно-математичкиот факултет во Скопје кадешто го завршува своето целокупно образование и кадешто работи до денес. Дип­ломирал во 1997 г. По дипло­ми­рањето работи како демонстратор на Инсти­тутот за хемија. Во септември 1998 г. е избран за стручен соработник, во 2001 г. е избран за помлад асистент, а во 2003 за асистент на Институтот за хемија. На пост­дип­ломски студии се запишал во учебната 1997/98 г. на Институтот за хемија. Во октомври 2002 г. го одбранил магистерскиот труд со наслов "Испи­тување на кристали со комплементарни вибрационо-спек­тро­скоп­­ски техни­ки". Во 2005 г. ја одбранил докторската дисертација под наслов "Рефлексиона инфрацрвена спек­тро­ско­пи­ја: моделни функции на пермитивноста и рефлектанцата и нивна примена кај монокристали". Учествувал во четири меѓународни научноистражувачки проекти. Во три од нив се јавува како член, а на еден (билатерален македонско-словенечки проект во годините 2006/08) се јавува и како раководител. Од страна на фондацијата “Александар фон Хумболт" му е доделена стипендија за науч­ноис­тра­жувачки престој (постдокторски студии) во траење од една година на Институтот за физичка хемија на Универзи­тетот "Фридрих Шилер" во Јена, Германија во 2006/07 г. Во рамките на работните задолженија како асистент, ги во­дел лабораториските вежби по пред­метите физичка хемија I, физичка хемија II, струк­тура на молекули, физичка хемијаза студентите на насоката аналитичка биохемија, физичка хемијаза студентите на биохемиско-фи­зиолош­ката насокана Институтот за биологија, физич­ка хемијаза студентите на дво­предметните сту­дии по био­логија‡хемија, хемиско школско експери­менти­рање, од­брани поглавја од електро­хе­мијата, медицинска хемија, хемија за стоматолози како и нуме­ричките вежби по предметите структура на атом и хемиска врска и структура на молекули. Главното поле на неговата научноистражувачка работа претставува инфрацрвената рефлексиона спектроскопија со нагласок на изучувањето модели на функциите на пермитивноста и рефлектанцата заради дисперзиона анализа на поларизирани инфрацрвени спектри од монокристали со ниска симетрија. Негов научен интерес претставува и испитувањето на материјали со користење на инфрацрвена АТР спектроскопија; дифузна инфрацрвена спектро­скопија како и Раманска спектроскопија. Како резултат на неговата научна работа објавени се 15 трудови, од кои 2 во маке­дон­ското научно списание Гласник на хемичарите и технолозите на Македо­нија, 1 во Прилози на Македон­ска­та академија на науките и уметностите, 9 трудови во SCI-препоз­натливи и меѓународно рено­мирани списанија и 3 во зборници на трудови од научни манифестации (два од нив се од меѓуна­роден и еден од домашен научен субир). Неговите трудови досега биле цитирани 19 пати. Вкупниот број на постерски презентирани трудови изнесува 13, од кои 7 презентирани на конгреси надвор и 6 во Република Македонија. Најзначајни трудови печа­тени во списанија кои ја отсликуваат пробле­ма­ти­ката на неговата научноистра­жу­вач­ка дејност се следниве: V. Ivanovski, V. M. Petruševski, Areflectancemodelfunctionforthe3(SO42) modesingypsumcompa­ri­sonwiththespe­cularreflec­tanceIRspectrum, J. Mol. Struct., 645, 273-279 (2003); V. Ivanovski, V. M. Petruševski, Ontheoriginofthesplittingofthe3(SO42) modesinthespecularreflectanceIRspectrumofgyp­sum, J. Mol. Struct., 650, 165-173 (2003); V. Ivanovski, V. M. Petruševski, Thedielectricmodelfunction. anevidenceforthe3(SO42-) phononmixingingypsumusingpolarizedIRspecularreflectancespectroscopy, Spectro­chim. Acta, A60, 1601-1607 (2004); V. Ivanovski, V.M. Petruševski, MartaK. Gunde, TheIRreflectancespectraof3(SO42-) and4(SO42-) bandregionsofsometuttonsaltsusingpolarizedradiation: testingthemodeldielectricfunction, Spectrochim. Acta, A61, 67-76 (2005); V. Ivanovski, V.M. Petruševski, Infraredreflectancespectraofsomeopticallybiaxialcrystals; ontheoriginofiso­sbestic-likepointsinthepolarizedreflectancespectra, Spectrochim. Acta, A61, 2057-2063 (2005). Од останатите активности може да се спомене дека бил рецензент на еден труд во странско списание. Бил претседател на Органи­за­циониот и Научниот одбор на студентскиот конгрес на хемичарите и тех­но­лозите одржан во 2005 г., како и член на некулкоте претходни. Неколку години бил рако­во­ди­тел на лабора­то­ри­јата за инфрацрвена спектроскопија на Институтот за хемија. Член е на Сојузот на на хемичари и технолози на Македонија. Во својата научна работа и кому­ни­кација со колегите од странство од голема полза е неговото познавање на англискиот и рускиот јазик. Во определен обем се служи и со германскиот јазик.

роден на 22 ноември 1972 г. во Курск (Русија). Основното и средното образо­вание ги завршил во Скопје (во 1987 и 1991 г., соодветно) и во учебната 1992/93 г. се запишал на студии по хемија (аналитичко-структурна насока) на Природно-математичкиот факултет во Скопје кадешто го завршува своето целокупно образование и кадешто работи до денес. Дип­ломирал во 1997 г. По дипло­ми­рањето работи како демонстратор на Инсти­тутот за хемија. Во септември 1998 г. е избран за стручен соработник, во 2001 г. е избран за помлад асистент, а во 2003 за асистент на Институтот за хемија. На пост­дип­ломски студии се запишал во учебната 1997/98 г. на Институтот за хемија. Во октомври 2002 г. го одбранил магистерскиот труд со наслов "Испи­тување на кристали со комплементарни вибрационо-спек­тро­скоп­­ски техни­ки". Во 2005 г. ја одбранил докторската дисертација под наслов "Рефлексиона инфрацрвена спек­тро­ско­пи­ја: моделни функции на пермитивноста и рефлектанцата и нивна примена кај монокристали". Учествувал во четири меѓународни научноистражувачки проекти. Во три од нив се јавува како член, а на еден (билатерален македонско-словенечки проект во годините 2006/08) се јавува и како раководител. Од страна на фондацијата “Александар фон Хумболт" му е доделена стипендија за науч­ноис­тра­жувачки престој (постдокторски студии) во траење од една година на Институтот за физичка хемија на Универзи­тетот "Фридрих Шилер" во Јена, Германија во 2006/07 г. Во рамките на работните задолженија како асистент, ги во­дел лабораториските вежби по пред­метите физичка хемија I, физичка хемија II, струк­тура на молекули, физичка хемијаза студентите на насоката аналитичка биохемија, физичка хемијаза студентите на биохемиско-фи­зиолош­ката насокана Институтот за биологија, физич­ка хемијаза студентите на дво­предметните сту­дии по био­логија‡хемија, хемиско школско експери­менти­рање, од­брани поглавја од електро­хе­мијата, медицинска хемија, хемија за стоматолози како и нуме­ричките вежби по предметите структура на атом и хемиска врска и структура на молекули. Главното поле на неговата научноистражувачка работа претставува инфрацрвената рефлексиона спектроскопија со нагласок на изучувањето модели на функциите на пермитивноста и рефлектанцата заради дисперзиона анализа на поларизирани инфрацрвени спектри од монокристали со ниска симетрија. Негов научен интерес претставува и испитувањето на материјали со користење на инфрацрвена АТР спектроскопија; дифузна инфрацрвена спектро­скопија како и Раманска спектроскопија. Како резултат на неговата научна работа објавени се 15 трудови, од кои 2 во маке­дон­ското научно списание Гласник на хемичарите и технолозите на Македо­нија, 1 во Прилози на Македон­ска­та академија на науките и уметностите, 9 трудови во SCI-препоз­натливи и меѓународно рено­мирани списанија и 3 во зборници на трудови од научни манифестации (два од нив се од меѓуна­роден и еден од домашен научен субир). Неговите трудови досега биле цитирани 19 пати. Вкупниот број на постерски презентирани трудови изнесува 13, од кои 7 презентирани на конгреси надвор и 6 во Република Македонија. Најзначајни трудови печа­тени во списанија кои ја отсликуваат пробле­ма­ти­ката на неговата научноистра­жу­вач­ка дејност се следниве: V. Ivanovski, V. M. Petruševski, Areflectancemodelfunctionforthe3(SO42) modesingypsumcompa­ri­sonwiththespe­cularreflec­tanceIRspectrum, J. Mol. Struct., 645, 273-279 (2003); V. Ivanovski, V. M. Petruševski, Ontheoriginofthesplittingofthe3(SO42) modesinthespecularreflectanceIRspectrumofgyp­sum, J. Mol. Struct., 650, 165-173 (2003); V. Ivanovski, V. M. Petruševski, Thedielectricmodelfunction. anevidenceforthe3(SO42-) phononmixingingypsumusingpolarizedIRspecularreflectancespectroscopy, Spectro­chim. Acta, A60, 1601-1607 (2004); V. Ivanovski, V.M. Petruševski, MartaK. Gunde, TheIRreflectancespectraof3(SO42-) and4(SO42-) bandregionsofsometuttonsaltsusingpolarizedradiation: testingthemodeldielectricfunction, Spectrochim. Acta, A61, 67-76 (2005); V. Ivanovski, V.M. Petruševski, Infraredreflectancespectraofsomeopticallybiaxialcrystals; ontheoriginofiso­sbestic-likepointsinthepolarizedreflectancespectra, Spectrochim. Acta, A61, 2057-2063 (2005). Од останатите активности може да се спомене дека бил рецензент на еден труд во странско списание. Бил претседател на Органи­за­циониот и Научниот одбор на студентскиот конгрес на хемичарите и тех­но­лозите одржан во 2005 г., како и член на некулкоте претходни. Неколку години бил рако­во­ди­тел на лабора­то­ри­јата за инфрацрвена спектроскопија на Институтот за хемија. Член е на Сојузот на на хемичари и технолози на Македонија. Во својата научна работа и кому­ни­кација со колегите од странство од голема полза е неговото познавање на англискиот и рускиот јазик. Во определен обем се служи и со германскиот јазик.