Navigation
 

Магистер Стојковиќ Горан - Асистент

Роден на 26 јуни 1964 г. во Врање, Србија. Основ­но и средно образование завршил во родното место со одличен успех. По отслу­жу­вањето на воениот рок, во 1984 г. се запишал на Хемискиот факултет. Во те­кот на студирањето, во втора и трета година, бил прогласуван за најдобар сту­дент на генерацијата. Дипломирал во 1989 г. (со просек 8,88) како најдобро дипломиран студент на групата хемија во својата генерација. Од 1990 г. е вработен како стручен соработник, а во 1993 г. е избран за помлад асистент на Институтот за хемија при ПМФ. На постдипломски студии се запишал во учебната 1990/91 г. Магис­терска­та работа под наслов: Определување на селен во ветеринарни препарати" ја одбранил во 1996 г. во Скопје, на Институтот за хемија при Природно-ма­те­ма­тич­киот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј", со што се стекнал со звањето магистер на хемиски науки. Докторската дисертација под наслов: Испитување на реакциите на протонирање на некои амиди во силно кисела средина со примена на ултравиолетовата спектроскопија" ја одбранил во 2006 г. на Институтот за хемија при Природно-мате­ма­тич­киот факултет, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј", во Скопје. За асистент е избран 1997 г. и во истото звање е преизбран во 2000 и во 2003 г. Во досе­гаш­ниот период како асистент, д-р Горан Стојковиќ со голем број часови бил активно вклучен во подготов­ката и изведувањето на практичната настава (учествувал во изготвувањето на три интерни практикума) по предметите: неорганска хемија со основи на неорганска технологија (за студентите од двопредметните студии по биологија-хемија при ПМФ), општа хемија (за студентите од Институтот за физика при ПМФ), медицинска хемија (за студентите од Медицинскиот факултет), медицинска хемија (за студентите од Стоматолошкиот факултет), хемија (за студентите од ИСИЖС од Машинскиот факултет), хемија (за студентите од Факултетот за ветеринарна медицина), општа и неорганска хемија (за студентите од Институтот за биологија при ПМФ), систематика на елементите (за студентите од Институтот за хемија при ПМФ), одбрани поглавја од неорганска хемија (за студентите од Институтот за хемија при ПМФ), методика на настава по хемија (за студентите од двопредметните студии по биологија-хемија при ПМФ) и користење на хемиска литература за студентите од наставна насока на Инсти­ту­тот за хемија. Покрај членството во Организациониот одбор на XV и XVII-отkонгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, два пати бил член во Комисијата за неорганска хемија и еднаш во Комисијата за органска хемија на државен натпревар по хемија за средните училишта. Учесник е на два проекта од областа на препаративната и структурната хемија. Член е во Сојузот на хемичарите и техно­ло­зи­те на Маке­до­ни­ја а во 2001 г. бил член и во Уредничкиот одбор на научно-популарното списание Хемко". Д-р Горан Стојковиќ се служи со англиски, руски и српски јазик. Научноистражувачката активност на д-р Горан Стојковиќ е насочена пре­тежно кон изучување на хемиските рамнотежи на органските соединенија (индоли и амиди) во раст­вори на силни минерални киселини, со методите на ултравиолетова спектрофо­то­метрија. Објавил 16 трудови и презентирал 12 соопштенија на научни манифестации. Од вкупниот број на трудовите, 8 се објавени надвор од Македонија, од кои 4 во списанија со импакт фактор. Позначајни одбрани трудови на д-р Стојковиќ се: G. Stojković, V. Serafimovska, B. Bogdanov, DeterminationofseleniuminveterinariandrugsusingderivativeUV-spec­troscopy, MacedonianVeterinaryReview, 25, 4957 (1996); B. Andonovski, G. Stoj­ko­vic, Spectropho­to­­metricstudyoftheproto­nationprocessesofsomeindolederivativesinsulfuricacid, J. Serb. Chem. Soc., 64, 775787 (1999); B. Andonovski, G. Stojković, UVstudyofindoleand 3-acetylindoleinphosphoricandhydrochl­oricacidsolutions, ActaChim. Slov., 47, 349362 (2000); G. Stojković, F. Anastasova, Protonationacidityconstantsforbenzotoluididesinsulfuricacidsolutions, Cent. Eur. J. Chem., 4, 5667 (2006); G. Stojković, E. Popovski, DeterminationandstructuralcorrelationofpKBH+formeta-andpara-substitutedbenzamidesinsulfuricacidsolutions, J. Serb. Chem. Soc., inpress. ...