Navigation
 

Доктор Кузмановски Игор - Насловен доцент

Роден на21 јули 1971 г., во Скопје, Република Ма­ке­до­нија. Во периодот од 1986 до 1990 г. го посетува Хемискиот училиштен центар "Марија Кири Скло­довска" во Скопје. Во 1990 г. се запишува на студиите по хемија на Природно-математички факултет и заминува на от­слу­­жување на воениот рок. Во 1991 г. ги започнува студиите, а во 1996 г. ги завршува исти­­те со среден успех 9,35. Истата година е вработен на Институтот за хемија како стручен соработник. Истовремено се запишува на постдип­лом­ски студии на Институтот за хемија при Природно-математички факултет. Три години подоцна е избран во звањето помлад асистент на Заводот за анали­тич­ка хемија. Во јануа­ри 2002 г. ја одбранува својата магистерска работа под наслов "Примена на некои хемометриски методи за ана­ли­за на сос­тавот на уринарни калкулуси", работена под менторство на проф. д-р Мира Трпковска. Во текот на истата година е избран во звањето асистент. Својата докторска дисертација под наслов "Хемомет­рис­ка анализа на уринарни калкулуси", работена под менторство на проф. д-р Мира Трпковска, ја одбранил во јуни 2005 г. Во септември 2006 г. е избран во звањето насловен доцент. Во рамките на задол­же­ни­јата кои ги има во текот на изминатите десет години, на Заводот за аналитичка хемија, изведува лабораториски вежби по предметите: хемија и околина (за студентите на насоките: хемија и биологија-хемија), инструментална хемија, хемиска контрола на технички материјали, инструментална анализа, одбрани поглавја од инстру­мен­тална анализа, аналитичка хемија, како и извори и користење на хемиски информации (за студен­ти­те по хемија). Нумерички вежби изведува по предметите хемиска контрола на технички материјали и анали­тич­ка хемија. Тој е коавтор на еден универзитетски учебник и на 2 интерни скрипти (по предметите инстру­мен­тал­на анализа, како и хе­ми­ја и околина за студентите на насоката биологија-хемија). Главно поле на научен интерес на д-р Кузма­нов­ски се хемометријата (анализа на хемиски податоци) и хеминформатиката (развој на спе­ција­ли­зиран софтвер за анализа на хемиски податоци). Потесно подрачје на интерес е развојот на хемометриски методи за анализа на составот на уринарни калкулуси. Дел од неговиот научен интерес е свртен и кон анализа на вибрационите спектри на супстанци кои вооби­ча­е­но се јаву­ваат како кон­ституенти на уринарните калкулуси, како и кон развој на хемометриски методи за пред­ви­ду­ва­ње на струк­тур­ни­те карактеристики кај перов­ски­ти­те. Од неодамна тој работи и на развој на хемометриски алго­рит­ми и модели за предвидување на инхибирач­ка­та активност, токсичноста, како и пред­ви­ду­ва­ње на ретен­цио­ни­те времиња на различни типови супстанци. Игор Кузмановски досега има објавено вкупно 32 труда (26 научни и 6 науч­но­по­пу­лар­ни). 14 од научните трудови се објавени во меѓународни списа­ни­ја кои се реферираат во ScienceCitationIndex(SCI), три труда се објавени во научни списанија во Маке­до­ни­ја, еден во зборник на трудови од меѓу­на­род­на конференција, а останатите осум научни трудови се објавени во зборници на трудови на научни манифес­тации кои се одржале во Македонија. Овие научни трудови досега се цитирани 53 пати во рефе­ра­тивното списание SCI. Започну­вај­ќи од 2005 г. тој е рецензент на 8 трудови од областите на хемо­мет­рија и анализа на уринарни калкулуси за списанијата: ChemometricsandIntelligentLaboratorySystems, JournalofMolecularStructure,SpectrochimicaActa и Analytica Chimica Acta. Има учествувано со 27 презентации на меѓународни научни манифестации (од кои едно пленарно предавање и две секциски преда­ва­ња), како и со 22 презентации на научни собири во Македонија. Бил поканет да одржи преда­вање и на Нацио­нал­ниот институт за хемија во Љубљана, Словенија. Започ­ну­вај­ќи од 1999 г., д-р Игор Кузмановски е уредник и основач на интернет магазинот Hemija.net единствен маке­дон­ски медиум за популаризација на хемијата. Со Hemija.netво 2001 г., во рамките на изборот за најдобри македонски интернет страници организиран од компјутерскиот магазин Plugin, го освои второто место во една од кате­го­ри­ите. До сега, учествувал во организација на 4 научни конференции (од кои една меѓуна­род­на). Учес­твувал во истражувањата изведувани во рамките на 10 домашни и 3 меѓу­на­род­ни научно­ис­тра­жу­вач­ки проекти. Во периодот од јули до септември 1999 г. престојува на Институтот за аналитичка хемија при Универ­зи­тетот во Виена. Во неколку наврати престојува на Националниот институт за хемија во Љубљана, Сло­ве­нија. Во рамките на своите постдокторски студии, во периодот септември 2006 септември 2007 г. прес­то­јува на Националниот институт за хемија во Љубљана, Словенија, и на Одделот за хемија и биохемија на Универ­зитетот во Берн, Швајцарија. Игор Кузмановски го владее англискиот, а делумно и францускиот јазик. Пет најзначајни објавени научни трудови на д-р Кузмановски се: I. Kuzmanovski, Z. Zografski, M. Trpkovska, B. Šop­tra­ja­nov, V. Stefov, Simul­taneous determination of composition of human urinary calculi by artificial neural net­works, Fresenius’ J. of Anal. Chem.370, 919–923 (2001); I. Kuzmanovski, M. Trpkovska, B. Šoptrajanov, V. Stefov, Deter­mi­na­tion of the com­­po­si­tion of human urinary calculi composed of whewellite, weddelite and car­bo­na­te apatite using artificial neural net­works, Anal. Chim. Acta,491, 211–218 (2003); I. Kuzmanovski, S. Aleksovska, Optimization of artificial neural networks for pre­dic­tion of the unit cell parameters in orthorhombic perovskites. Comparison with mul­tiple linear regression, Chemometrics and Intelligent Laboratory Systems, 67, 167–174 (2003); I. Kuzmanovski, M. Ristova, B. Šop­tra­janov, V. Stefov, V. Popovski, Deter­mi­na­tion of the composition of sialoliths composed of carbonate apatite and albumin using artifical neural networks, Talanta,62, 813–817 (2004); I. Kuzmanovski, M. Trpkovska, B. Šoptrajanov, Op­­ti­mi­zation of supervised self-orga­nizing maps with genetic algorithms for classification of urinary calculi, J. Mol. Struct.,744, 833–838(2005). ...